Day: November 23, 2018
Разјаснете дали власта му помогна на Груевски да избега
Европскиот парламент и европската Комисија ја отвараат темата за азилот на Груевски. И во германскиот Бундестаг пратениците прашуваат дали Унгарија се претвара во продолжена рака на автократот Груевски.
Шоканатна порака и за македонската влада од Бундестагот: Македонија да разјасни дали бегството на Груевски уследило со дозвола на тамошните власти. Доколку се покаже дека во тоа има замешано прсти власта, оставките не се доволни ни на премиерот Заев, ниту на целата влада. Веднаш нека си ги земат ќебињата и правец „Шутка“. Сами да си судат треба да си доделат по 10 години затвор. Премиерот Зоран Заев, владиниот тим и надлежните институции во моментот немаат поважна работа за иднината на Македонија од расчистување и разјаснување на фрлениот сомнеж дали бегството на Груевски е со нивна дозвола

