Day: November 7, 2018
Данок на патриотизам
Владата ја качи повисоко граница за поголемо оданочување од најавените 1.000 на 1.500 евра, па така ме остави пак меѓу рајата да тагувам што не сум во естаблишментот. Најболно е лицемерието на тие што загрижено секојдневно предупредуваат на мизеријата, а кога треба да се покачат даноците на тие што заработуваат повеќе забораваат дека праведните даноци ја ублажуваат нееднаквоста и придонесуваат за поголема социјална правда

