Month: October 2018

Ориент експрес

Ќе седне ли Иванов на обвинителна клупа

Претседателот на држвата Ѓорге Иванов во клучни историски периоди за иднината на Македонија донесе повеќе одлуки кои ги надминуваат неговите уставни надлежности определувајќи се строго партиски во попречување на правдата и владеењето на правото. Претседателот може да седне на обвинителна клупа доколку предистрагата покаже дека го прекршил двапати членот 75 од Уставот. За првпат во историјата на Република Македонија тоа би бил судски процес против актуелен шеф на државата.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Закон за главните виновници да станат херои

Последната понуда од ВМРО ДПМНЕ да се донесе закон по итна постапка која ќе ги ослободи од одговорност сите учесници во настаните од 27 април е признание дека главниот мотив не е Договорот со Грција, туку слободата на сите учесници во нападот на парламентот и пратениците за да не дојде до судска разврска и откривање на организаторот и на главните извршители на обидот за државен удар и прогласување на вонредна состојба. Предлогот за таков закон по итна постапка не е проследен со извинување и признавање на злосторничкиот акт, туку со ароганција и безобзирно условување. И жртвувањето за повисоки цели како што се членството во ЕУ и во НАТО треба да има мерка до каде може да се оди. Не може најголемите виновници да бидат херои.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Умре царот, да живее царот

Денеска доволно дозирана почит беше што режисерот потпрен на бастун стаса на поклонение во театарот на една партиска претстава, силна пародија, без главниот јунак на сцената кој ја игра главната улога, но неговиот дух е во секој изговорен збор. На 125-годишнината од ВМРО ја гледавме драмолетката – „Умре царот, да живее царот“. Мислеле, мислеле дворјаните со ореолот на маченик што ќе му го стават на главата на Никола Груевски пред да замине во затвор како да го спасат и него, и себеси, и државата од злоделата и гревовите. И смислиле. За сè што не чини во Македонија, виновни се тие што се противат и не се согласуваат со царот и неговите престолонаследници. Потоа зеле да ја чистат партијата од предавници, кодоши, арамии... од сите гадови што го предале светецот и го истуриле ѓубрето во дворот на непријателот
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Груевски ќе раководи со ВМРО-ДПМНЕ од затвор

Посолените глави на вмровските дејци кои ја издале револуционерната организација веќе му се дадени на увид на вождот да се увери лично дека неговите следбеници остануваат доследни на заклетвата пред кама и револвер и дека живи не се предаваат на непријателот. Никола Груевски ќе раководи со партијата од ќелијата во Идризово сè до последниот куршум. Македонија е уморна од војни со ветерници, од лелеци и повици за востанија, од постојано откривање заговори, непријатели и предавници, од лажни патриоти и вистински арамии. ВМРО-ДПМНЕ одамна е музејски експонат и таму треба да остане со нужните исправки во фалсификуваната историја. Ќе имаше поголема симболика по сечата на главите на предавниците од сопствените редови прославата за демонстрирање на верност да се одржеше во Музејот на револуционерната борба, отколку во барокниот театар. А, можеби најарно ќе беше да има два чина - првиот со театарската претстава на статистите, а вториот во салонот за восочни фигури во музејот на ВМРО.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Македонија излезе од кома

Денеска, три дена по драматичната „прозивка“ во Собранието, емоциите веќе стивнуваат, а реалноста ги наметнува клучните прашања за остварување на целта. За почеток, најдобар сојузник е свесноста за фактот дека ништо не е готово додека не се заврши. Добро е и тоа што немаше ниту еуфорија ниту, пак, протести и конфликти. Изливите на закани, примитивизам, омраза и делби на социјалните мрежи, невидени и нечуени досега, се сериозна опомена дека сè уште има доволно човечко тесто за месење и злоупотреби, но ја губи силата за дестабилизација на државата
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Празнична лектира за Мицкоски

Законите не природата не можат да се сменат со гласање, ниту со револуции и војни. Можат да се забават историските процеси, но не можат да запрат. И кај нив има закономерност еднаква на природните закони. Тие што ги запираат историските промени ќе се најдат еден ден под нејзините тркала. Ако се спротивставите со сила на природните закони следуваат трагични последици, ако ги запрете историските процеси во едно општество кога тие се стасани за промени, последиците не се помалку трагични. Државите и народите исчезнуваат токму во време кога се запираат историските процеси кои се неминовни.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

За историски пораз нема оправдување

Попречувањето на иднината на Македонија и нејзината европеизација не може да се отстрани со сервилни понуди за помирување со рецидивите на еден режим, туку само со јазикот кој најдобро го разбираат криминалците со бели крагни, а тоа е ригорозно владеење на правото и одбрана на државните и национални интереси и интересите на сите граѓани. Последните шок-бомби на премиерот Заев експлодираат во неговиот двор. Дали тој и неговите приврзаници ќе цимолат од солзавецот што самите го фрлија или ќе преземат решителни чекори за остварување на историските цели на граѓаните на Македонија, најмногу зависи од него и неговиот тим. Историскиот предзнак е на нивна страна. Сиот цивилизиран свет дава поддршка, законите и уставот се на нивна страна.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Колку чини спасувањето на Груевски

Дали и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прифатат директивата на партискиот врв и на нивните ментори кои седат секој ден на обвинителна клупа ќе се дознае наредните денови, но имајќи ги предвид вмровските директиви тешко е да се верува во успех. Дали храброста, историската одговорност и совеста на тие што ги знаат многу добро работите ќе биде посилна или, пак, партиската послушност и стравот од долгата, ама веќе осакатена рака на ВМРО-ДПМНЕ ќе се види во Собранието на очиглед на целата јавност
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Жив или мртов договор

Не се потребни студиозни анализи и сценарија ниту, пак, дополнителни предупредувања од врвот на ЕУ и на НАТО што следува ако се поништи договорот со Грција. Во тој случај, фактите со голема сигурност навестуваат дестабилизација на земјата со добри изгледи за распад. Испадна дека најлесна работа ќе биде да се поништи договорот, кој е веќе двапати ратификуван во Собранието на Македонија и на тој начин да се спаси уставното име, а сè друго да се доведе под голем знак прашање. Ќе имаме уставно име, без додавката северна, а дали ќе имаме држава и ако имаме каква ќе биде нема одговор од противниците на договорот, не од тие кои гласа против на референдумот, туку од тие кои на 30 септември апстинираа, чиј молк го присвои старо-новото раководство на ВМРО ДПМНЕ
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Што ти кажав јас

Консултациите со граѓаните покажаа дека во Македонија јасна е целта што ја сакаат над 90 отсто од граѓаните, ама не е познат патот како се стасува до таму. Некој упорно поставува лажни патокази, па едни влечат напред, други назад. Сите имаат силни аргументи дека така е најдобро оти всушност не разликуваат што е напред, а што е назад. Чаре, има ли чаре? Се разбира дека има. Тие што рекоа дека ќе се жртвуваат за европската иднина на државата треба да го направат тоа. Имаат историска оправданост за такви чекори.
Прочитајте повеќе »