Day: November 16, 2018
Груевски жежок костен во рацете на Орбан
Изборот на Унгарија во која Груевски ќе биде азилант е своевидна европска гротеска. Веќе целиот континент си игра мајтап со добредојдето на Орбан за неговиот идеолошки побратим од Македонија. Заштита на еден осуденик во земја членка на ЕУ против кој се водат уште неколку судски процеси за тешки кривични дела е предмет на потсмевање, но и на сериозни критики во Унгарија и во светот. Груевски стана од првиот ден жежок костен во рацете на Орбан и неговата влада.
Ако не се преземе одговорноста за бегството на Груевски и ако не се расчисти целиот тој јавашлак во надлежните институции и со попречувачите на правдата, тврдењата дека власта е соучесник во бегството на Груевски ќе бидат прифатени од јавноста како вистина колку и да изгледаат апсурдни и неверојатни. Лавина од гнев за залудноста на уривање на режимот на Груевски чиј крај требаше да се означи со негово заминување зад решетки ќе и нанесе тежок удар на владата и на премиерот Зоран Заев.

