Month: November 2018

Ориент експрес

Данок на патриотизам

Владата ја качи повисоко граница за поголемо оданочување од најавените 1.000 на 1.500 евра, па така ме остави пак меѓу рајата да тагувам што не сум во естаблишментот. Најболно е лицемерието на тие што загрижено секојдневно предупредуваат на мизеријата, а кога треба да се покачат даноците на тие што заработуваат повеќе забораваат дека праведните даноци ја ублажуваат нееднаквоста и придонесуваат за поголема социјална правда
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Антикомунисти загрижени за АСНОМ

Довчерашните креатори на маргинализацијата на Македонија и на антифашистичката борба и НОВ, осведочени антикомунисти сега се погилеми борци од директните учесници на АСНОМ и оснивачи на Федерална Македонија првата македонска држава. Да се поддржува уставна определба за обединување со Македонците од Бугарија и Грција денес е како оној сулуд традиционализам кога по еден член на британско семејство со генерации бил задолжен да гледа на Ла Манш да не тргнал Наполеон да ја нападне Англија.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Лошите вести од ВМРО-ДПМНЕ се добри

Излезот од кризата веќе се наѕира, иако во Македонија никогаш не може да се каже дека е готово додека не заврши. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и тие што се спротивставија на неразумните и губитнички директиви, кои се ослободија од стравот, се тие што ќе ја ослободат партијата од тешкиот баласт. Уставните промени ќе се донесат со поголемо мнозинство од две третини. Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во евроатлантските интеграции на државата и како опозиција и не е исклучено во еден период и како власт. Во наредните десет години ќе има многу работа за сите додека траат преговорите со Брисел.
Прочитајте повеќе »