Дали по најновиот противуставен упад во парламентот на Никола Груевски од позиција на сила и невидена ароганција стана јасно дека нема излез од тешката криза додека овој човек по цела деценија и натаму непречено владее како деспот во земја кандидат за членство во ЕУ. За жал, одговорот на ова прашање не е потврден. Големата медиумска машинерија под контрола на тесен цензорски и пропаганден тим на владата и лично на Груевски, како колективен главен уредник на најгледаните домашни телевизии, вклучувајќи го јавниот сервис МРТВ, се’ уште успешно сее магла во јавноста дека изборите на 24 април ќе означат крај на кризата. Голема измама, за што има несоборливи докази.
Додека Груевски не замине од политичката сцена и не седне на обвинителна клупа да се соочи со тужбите за злоделата кои ги чувме сите од прислушуваните разговори, нема излез од кризата. Колку и да го поддржува Европа срамно режимот на Груевски поради егоистичен прагматизам со балкански брани да ги запре бегалците од Исток, но и поради сомнителни лични мотиви на еврокомесарот Јоханес Хан, кој во Македонија се однесува како слон во стаклена градина, давајќи пас за грубо кршење на Уставот, на 24 април ќе се види дека кризата само се продлабочува. Груевски поднесе оставка, ама уште е на власт, открија конечно и западноевропските медиуми. Првиот ден по оставката Груевски продолжи да работи како премиер и неприкосновен владетел. На патот кон слободата и демократијата единствената надеж за Македонија е фактот што влезе во сферата на интересите на слободните и независни влијателни светски медиуми кои ако не ги покрие нова светска или европска наезда, сигурно ќе извршат позитивен притисок врз западноевропските влади да се стави крај на еден корумпиран режим во европскиот двор.
Еве ги несоборливите докази зошто со Груевски во власта нема излез од кризата. Прво, факт е дека овој филм веќе го видовме. Ова истото сценарио се случи точно пред три години кога почна кризата и оттогаш не е престаната. Граѓаните на Македонија добро го паметат 24 декември 2012 година, „црниот понеделник“, или вартоломејската ноќ како што ја нарече познатиот македонски професор по Уставно право Светомир Шкариќ. На тој ден благодарение на храброста на една бремена пратеничка на опозицијата, светот и домашната јавност дознаа за најбруталното газење врз парламентарната демократија во Европа. Тајната полиција во цивилна облека упадна во дебатната сала на Собранието и насилно го избриша подот со пратениците на најголемата опозициска партија. Беа тоа драматични слики кои за миг го обиколија цел свет. За да нема сведоштво цензорите на власта со полицијата и обезбедувањето грубо ги исфрлија од работните места и новинарите во парламентот. Ваков напад на највисокиот законодавен дом кој одамна не е тоа, туку карикатурална маша на власта, немало во 70-годишната историја откако Македонија има Собрание. Упадот беше нарачан со единствена цел да се спречи опозицијата во своите обиди да се донесе расипнички буџет, кој беше главниот извор на коруптивни и клиентелистички избори.
Груевски постојано инсценира вонредни избори по 2006 година, во што многу му помагаше опозицијата. Убризгувањето на 200 до 300 милиони евра позајмени пари од светските банки во релаксиран предизборен буџет кога државната каса ширум се отвора за низа коруптивни активности кои владата ги темпира пред изборите. Притоа беа откриени голем број злоупотреби на власта, закани и притисоци од типот секој нововработен да донесе 20 гласа, до фалисификување на лични карти и патни документи и цела низа други нерегуларности пред и за време на изборите. Најдраматичните прекршувања со учество на МВР се вршени со избирачкиот список кој без спроведување на попис остана и денес најголемата мистерија. Цели три години власта не сакаше да го реши ова прашање, а сега дава гаранции дека за три месеци ќе бидат проверени милиони имиња. Тоа нема да се случи не само заради наредните избори, туку и заради минатите оти ќе се открие големата злоупотреба и изборните фалсификати.
Најновото противуставно авансирано распуштање на парламентот, кое важи од идниот месец, за што нема друг пример во светот, во суштина нема никаква разлика со настаните и сценариото по 24 декември 2012 година. Тогаш опозицијата се одлучи на бојкот на парламентот, секогаш губитничка доктрина. Европа не изврши решителен притисок како што вети врз власта како организатор на нападот врз парламентот, слободата и демократијата, иако најнавредливо, наодите од истрагата за настаните на 24 декември 2012 година ги нарече тоалетна хартија. Брисел се насочи, главно, кон опозицијата проповедајќи дека бојкотот не е решение според европските мерила на демократијата заборавајќи и таа и ние дека во Македонија не важат европските вредности. Така охрабрената власт изгласа распуштање на парламентот и закажа предвремени избори 2013 година. И тие избори беа за спасување на Македонија и излез од кризата. Победата беше извојувана на мирни избори бидејќи изборните штабови биле во полициските станици и канцеларии на МВР како што разбравме подоцна.
И овој пат брзањето на власта со датумот за избори е поврзано со пари. По април секнува државната каса, а нови заеми пред избори веќе нема од светските банки. Еве зошто му се брза на Груевски. Ако власта го има истото „победничко“ сценарио како 2012 -2013 година , овој пат и опозицијата конечно треба да знае за јадец и да изгради нова стратегија. Не е доволен бојкотот ни на парламентот, ни на изборите. Сега изгледа дека е најдобро Груевски да се натпреварува сам со себе и да победува колку пати сака, па нека покаже како ќе ја разреши кризата. А, што ако баш тоа го сака Груевски кога веќе не трпи опозиција и е велемајстор секогаш да најде предавници и виновници. На тоа мора да се смета.
Никогаш не е доцна, иако доцниме со години за силно демократско движење на отпорот за слобода, против луѓето кои за да се спасат од одговорност пред законот ги ставија во заложништво и граѓаните и државата и својата партија.
(Објавено во Утрински)



Јас да сум на ваше место,би отишол пред канцеларијата на ЕУ и протесно на врата би им ја закачил награда токму на ЕУ за промовирање ЕУ вредности.Има да ги испотресете со враќањето на наградата,и дури тогаш можеби ќе го сменат курсот спротивен на вашиот.Потоа да сум на ваше место би протестирал против Бејли пред амбасадата на САД.Нека види дотичниот дека имаме тука здраворазумски назадни сваќања на политиката.И на крај дали има шанса да бидете на ,,челу колоне,, кога ќе се посака ,,неуставно, нецивилизаторски, нечовечко,, и др. описи со предзнак НЕ,при освојување на Собранието.Со нетрпение очекувам колумна кога ќе се освои Собранието и кога наглавачки ќе бидете топтан исфрлени од него,да напишете ,, е ова е бетер црн ден за демократијата од 24 декември,,
Феликс, Мишко и не знам уште колку имиња имаш.
Прво не си на мое место и не можеш да бидеш оти ти си кукавица и се криеш како пичка под кошула. Обично со такви страшливци не правам муабет.
Јас не одам пред амбасади и кај амбасадори, тие доаѓаат кај мене. А за наградата Жан Моне бидејќи гледам дека си дудук и не знаеш, доделена е за критички текстови кон ЕУ. И на самото доделување јавно кажав дека наградата ја доживувам како личен пораз бидејќи не се остварија моите надежи и искажани во стотици текстови за неоходноста да се спаси Македонија од такви како тебе: лажни патриоти, педеруши и ебиветри и конечно да почне нејзината европеизација. Ако имаш нешто да полемизираш со текстовите кажи, а не да тресеш глупости што треба да прави авоторот кој се потпишува. Ти најдобро е да одиш и да продаваш коњи по Банат, а и за тоа не те бива.