Day: April 17, 2019
Notre Dame du monde
Она што импресионира првото утро по пожарот во Париз, додека сè уште тлеат остатоците од изгореното и се расчистува внимателно пепелта, е обединувањето на светот за реставрација на „Нотр Дам д Пари“ која од вчера стана „Нотр дам д монд“. Светот е на нозе. Донациите од стотици милиони евра фрчат од сите старани, Путин нуди руски експерти за реконструкции, Грција ги нуди своите услуги, Ватикан, Ерусалим, земјите на цела Европа, Америка, Азија, Африка, Австралија сите се подготвени да помогнат. Претседателот Макрон ги утеши Францизите дека Катедралата ќе биде обновена и реконструирана до последниот милиметар. Во тоа никој да не се сомнева дека за еден од следните Велгдени, светот ќе се сјати во Париз да ја види обновената Нотр Дам

