Day: April 5, 2019

Ориент експрес

Да те прашам Силјановска, право да кажеш…

Како ќе воведете владеење на правото подеднакво за сите ако тоа не им успеало сиве овие години на плејада врвни правници кои биле на највисоки државни функции и на одговорни научни, политички и деловни позиции. Нели помислувате дека главниот проблем не е во правото и во судството и во законите и судовите, во уставот, туку во луѓето кои изградија систем со вградена фабричка грешка која од илјадници граѓани направи инвалиди да не можат да ја препознаат иднината. Вие директно учествувате во оправдувањето на врвот на ВМРО ДПМНЕ и попречување на правдата за сите злодела што ги направи во период поголем од една деценија познат кај нас и во светот како груевизам. Вашиот пораз на изборите ќе означи уште посилен продор на демократијата и владеење на правото, најмалку заради тоа што нема да бидете претседател, туку поради тоа што ќе биде поразен ВМРО ДПМНЕ и раководството кое не собра сила да се извини
Прочитајте повеќе »