Day: April 10, 2019
Големите јунаци Реџепи, Силјановска и Милошоски
Тројца големи јунаци ги снеубавија вестите за дождовите со своите неодмерени и тешки думи. Тие фрлија во етерот зборови со запален краток фитил нанесувајќи несогледливи штети. Тоа беа последните подвизи на Сулејман ефенди Реџепи, прв човек на Исламската верска заедница, Гордана Силјановска-Давкова, професорка по уставно право и претседателски кандидат и Антонио Милошоски, познат квази-патриот и нарачател на лустрации од врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Нивните отровни пораки искажани на различни места и по различни поводи имаат една ужасна заедничка матрица, омраза кон различните од себе

