Month: April 2019

Ориент експрес

За кого ќе гласаат Албанците

Големите македонски патриоти почнаа да бакнуваат раце и нозе на тие што на митинзите им кажаа дека не им требаат нивните гласови. Албанските гласови на политичката берза вртоглаво растат во сооднос еден према три со македонските и еден према десет со гласовите на другите
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Победата и поразот како утешение грешним

Зошто сите учесници во првиот круг на претседателските избори се задоволни од резултатите и од големата победа иако не е довршен натпреварот. Победата и поразот пред јавноста се прикажани како простување на гревовите, грабежот и еднодецениската тиранија
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Вториот круг почнува од нула

Првиот круг заврши со голема изедначеност на двајцата кандидати. Рано е да се прогласуваат победници. Вториот круг почнува од нула, поволниот резултат од првиот круг може да загорчи во вториот. Пендаровски тоа најдобро го знае бидејќи еднаш ја почувствува таа горчина. Натпреварот не е завршен додека судијата не отсвири крај. Прогласување победа пред да заврши натпреварот раѓа нови делби и омрази, особено ако дојде до пресврт. И тоа сме го виделе повеќе пати
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Можни ли се скандинавски избори

Фер политички финиш на натпреварот за претседател на државата би било најголемо охрабрување дека сме на вистинскиот пат со цврста решеност за спроведување на реформите од бриселските поглавја и би ги отстранил сите сомнежи, резерви и оправдувања од нараснатиот страв кај некои членки на ЕУ од партнерството и од европската интеграција на Северна Македонија
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Notre Dame du monde

Она што импресионира првото утро по пожарот во Париз, додека сè уште тлеат остатоците од изгореното и се расчистува внимателно пепелта, е обединувањето на светот за реставрација на „Нотр Дам д Пари“ која од вчера стана „Нотр дам д монд“. Светот е на нозе. Донациите од стотици милиони евра фрчат од сите старани, Путин нуди руски експерти за реконструкции, Грција ги нуди своите услуги, Ватикан, Ерусалим, земјите на цела Европа, Америка, Азија, Африка, Австралија сите се подготвени да помогнат. Претседателот Макрон ги утеши Францизите дека Катедралата ќе биде обновена и реконструирана до последниот милиметар. Во тоа никој да не се сомнева дека за еден од следните Велгдени, светот ќе се сјати во Париз да ја види обновената Нотр Дам
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Се јави Шопенхауер од Кривогаштани

Никола Груевски ги охрабрува своите следбеници во татковината во битките за власт со цитирање на германскиот филозоф Артур Шопенхауер со мислата: „за да се признае туѓата вредност треба да се има и сопствена„. Тое ти се вика „велике мисли малих људи“. Да знае дека таа мисла означува исто така да не им се суди на другите луѓе додека не се признаат сопствените злосторства никогаш не би го кажал тоа. Нашиот Шопенхауерер од Кривогаштани сака да го врати времето назад како Дон Кихот во битки со ветерните мелници
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Мапет шоу во Бутел

Не знам што пишува во теориите на професорката по уставно право, ама дека некој што ја ограбил земјата и граѓаните кој нанел толку зла што не можат да се исправат со децении дека „ние“, односно тие ќе воведат владеење на правото и ќе нè внесат експресно во ЕУ е навистина циркуско шоу, добар хумор, да не е во суштина трагедија. Повратници криминалци да бидат стражари во Идризово, тоа се подразбира кога Силјановска вели „ние“
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Големите јунаци Реџепи, Силјановска и Милошоски

Тројца големи јунаци ги снеубавија вестите за дождовите со своите неодмерени и тешки думи. Тие фрлија во етерот зборови со запален краток фитил нанесувајќи несогледливи штети. Тоа беа последните подвизи на Сулејман ефенди Реџепи, прв човек на Исламската верска заедница, Гордана Силјановска-Давкова, професорка по уставно право и претседателски кандидат и Антонио Милошоски, познат квази-патриот и нарачател на лустрации од врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Нивните отровни пораки искажани на различни места и по различни поводи имаат една ужасна заедничка матрица, омраза кон различните од себе
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Претседатели без смисла за хумор

Гордана Силјановска Давкова е голем граѓански активист, демократ и легалист која по изборот за претседател на државата ќе го почне големото сенародно движење за европска Северна Македонија и за граѓанско демократско општество со владеење на правото подеднакво за сите. Некогаш работите треба да се гледаат од карикатуралната смешна страна за да се види подобро колку се големи лагите и глупостите што се прават во предизборните лупинзи
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Да те прашам Силјановска, право да кажеш…

Како ќе воведете владеење на правото подеднакво за сите ако тоа не им успеало сиве овие години на плејада врвни правници кои биле на највисоки државни функции и на одговорни научни, политички и деловни позиции. Нели помислувате дека главниот проблем не е во правото и во судството и во законите и судовите, во уставот, туку во луѓето кои изградија систем со вградена фабричка грешка која од илјадници граѓани направи инвалиди да не можат да ја препознаат иднината. Вие директно учествувате во оправдувањето на врвот на ВМРО ДПМНЕ и попречување на правдата за сите злодела што ги направи во период поголем од една деценија познат кај нас и во светот како груевизам. Вашиот пораз на изборите ќе означи уште посилен продор на демократијата и владеење на правото, најмалку заради тоа што нема да бидете претседател, туку поради тоа што ќе биде поразен ВМРО ДПМНЕ и раководството кое не собра сила да се извини
Прочитајте повеќе »