Day: March 25, 2019
Ципрас за претседател
Помислата Алексис Ципрас да биде наш претседател е рефлексија која ми предизвика убаво чуство по неговата изјава директно насочена кон ЕУ и Брисел. Грчкиот премиер на европските демокарти им порача: „одбивањето на почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија, по сето она што го постигнавме со историскиот договор од Преспа би била одлука во корист на силите на назадувањето и национализмот на товар на политиката на напредок, мир и пријателство на народите.“ Ете, тоа им го кажа Ципрас на европските социјалисти како опомена и загриженост од опасностите што се надвиснале од радикалната десница над Европа.
А, што кажуваат нашите тазе десничари. Многу полоши работи од европските радикали

