Month: March 2019

Ориент експрес

Нема преговори со ЕУ без СЈО

Големи се силите и од лево и од десно, од носителите на организираниот криминал, од политичари кои седат на обвинителна клупа, во притвор, избегани во странство, но и во собраниските и државните фотељи, во владата, во врховниот суд и во други судски и политички спреги, во бизнис асоцијациите, во општините, во партиските штабови, кај старите и новите мафиози да се угуши големата надеж за владеење на правото, да се сотре СЈО, да се врати гангстерскиот режим управуван од политиката. Деновиве во Собранието ќе се открива вистината која сите ја знаеме, кој е за тоа Севрерна Македонија да биде правна држава, а кој е за спречување на правдата
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Ни треба сенародно движење за Европа

Тие што го потпишаа Преспанскиот Договор треба и да го спроведат во практиката. Исто како што и тие што се против треба да го поништат. Нема ништо пологично и поправедно. Не може тие што се против да спроведуваат капитулантски договор штетен за националните интереси, ниту пак тие што се потписници да го поништат и да ја вратат земјата поназад отколку кај што беше пред 12 години. Вреди за ова да се размисли добро пред да се одлучи на кого ќе му се даде довербата. Се работи за иднината на државата и на граѓаните
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Избрани се три-четири претседатели на државата

Познати се противниците на најзначајните стратегиски цели на државата и на граѓаните. Носителите на тие активности не се кријат и не се во илегала. Работат јавно и бараат поништување и преправање на Преспанскиот договор, главниот предуслов за деблокирање на европскиот пат и иднината на земјата. Со лаги и популистичка примитивна пропаганда браат казна за тие што го постигнале најзначајниот и најголем успех во историјата, на што светот симнува капа. Можно ли е со овие сознанија ако стасале до сите граѓани да се доведе во прашање и да се поништи овој успех. Не е за верување, ама не кажи двапати. На таа карта јаваат сите веќе избрани претседатели на државата
Прочитајте повеќе »