Day: January 23, 2019
Денови на исчекување
Христијан Мицкоски нема резервна варијанта како да ги одбегне изборите ако СДСМ одлучи да не се послуша себе си и не го послуша Брисел, па ја прифати ракавицата на ВМРО ДПМНЕ, кога веќе има редовни претседателски избори вториот круг да бидат и вонредни парламентарни, па наместо во јуни преговорите со ЕУ да почнат во септември по сигурната двојна победа. Може да изгледа прималиво овој домашен есап ако во СДСМ не се прерачунале и ја загубат власта во добиена позиција. Тоа што ќе ја загубат власта и нема да биде некоја голема штета во споредба со тоа што ќе загуби Македонија

