Day: January 21, 2019
Во Македонија сите го прават тоа
Белгиски ловец на лажни вести открил дека во Македонија постојат цели мрежи за произвоство на лаги и дезинформации што кај нив е сензација, а кај нас е општопозната работа со која веќе научивме да живееме и работиме и која посебно не нè возбудува, освен кога ние самите не сме жртви на масовната злоупотреба на интернет порталите и разните сајтови и блогови кои за еден миг со прогресивно умножување на социјалните мрежи можат да ве направат мивка пред очите на целата јавност. Ако се обидете да демантирате, аргументите што ќе ги изнесете можат само да ве дозакопат ако веќе лавината тргнала да се тркала собирајќи нови и нови лаги на која секој може да додаде уште понешто

