Month: January 2019

Ориент експрес

Изгласајте иднина, па на работа

Може ли по трет пат само за месец дена да се повтори злокобното пребројување на гласови „ЗА“ и „НЕ“. Ќе гледаме ли пак на собраниската табла како истипцани комарџии во најголемиот рулет на коцкарска Македонија. Може ли да се игра на сè, или ништо на бројот 80 . Чив имот ставаат овие луѓе како влог во кој може да се изгуби сè ако падне бројката 79. Таков ризик не прифаќаат ни најголемите зависници, бидејќи ни коцкарскиот морал не дозволува кукавички напад врз сопствениот народ и врз сопствената татковина. Тоа нема да биде веродостоен резултат на демократско парламентарно изјаснување со недостиг на една „крената рака“ , или непритиснато зелено копче. Тоа не е демократско право само на еден или двајца луѓе гарантирано со устав , туку атентат на малцинството врз Македонија и врз мнозинството граѓани осмислен, планиран и инспириран од друго место.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Пссст… претседателот очекува членство во НАТО!

Претседателот Ѓорге Иванов на заминување кажа нешто во првиот ден од годината пред војниците во Кичево што ме натера да се штипнам, да проверам дали сонувам, или го слушам на јаве, врховниот виновник и попречувач на иднината на државата кога рече: очекувам оваа година конечно да ја добиеме поканата и да станеме членка на НАТО. Кажа, што кажа и по војничкото гравче замина да ги преспие и последните пет месеци во мечкината дупка на Водно каде преседе цели десет години изгубен во времето и во просторот.
Прочитајте повеќе »