Day: December 31, 2018
Сите наши надежни историски години
Во 2019 година ако не се потврди членството во НАТО и ако не почнат преговорите со ЕУ ќе нема амнестија за никој. Ни за власта, ни за опозицијата, ни за граѓаните, ни за државата. Прифаќањето на уставните измени кои произлегуваат од компромисниот договор со Грција е почеток без кој нема иднина оти сè друго е погрешна насока. Политичарите треба да ја завршат својата работа за што се избрани и платени.

