Day: December 28, 2018
Уценета е Македонија
Какви ќе бидат последиците од неуспехот Македонија да го фати последниот воз за Европа? Одговорот е: многу потешки од сите отстапки кои сега предзвикуваат оправдана огорченост во јавноста. Македонија како и повеќето балкански земји доколку не станат членки на ЕУ и не се европеизираат неминовно одат кон исчезнување. Тоа не е ништо ново и во поновата историја на народите и државите. Последниот пример е Југославија која исчезна во крв и разорување како потрошен историски модел во кој водачите националисти кои сонуваа за големи држави не ја видоа иднината. Наследничките на Југославија сите до една спасот го побараа во Европа. Тие што побрзо ги прифатија условите на домаќинот побрзо стасаа до целта. Тие што уште не можат да видат од носот подалеку нè држат заробени оти уште се посилни од тие што ја сакаат слободата и прогресот.

