Day: December 19, 2018
Трета мајка за НАТО и за ЕУ
Најточната оценка колку изгубила и колку добила Македонија ќе се види за време на преговорите со ЕУ и по членството во НАТО. Очекувањата се секогаш поголеми од добивката, но истовремено треба да се има постојано на ум дека загубите ако Македонија не ги оствари своите цели како европска држава се далеку потешки и многу поизвесно катастрофални. Воопшто не е точна констатацијата која постојано ја повторуваме до здодевност дека Македонија нема други алтернативи отколку да биде членка на НАТО и на ЕУ. Се разбира, секогаш има алтернативи, но во случајот многу полоши. Затоа и никој не нуди подобри решенија. Македонија во случај да пропадне Договорот со Грција не може да се врати ни кај што била до вчера, туку кај што била пред 74 години, пред да биде држава. Внимавајте тоа може да стане за некој многу допадливо решение

