Day: June 23, 2018
Иванов – потпишувај, не играј си со државата
Веќе два дена претседателот размислува за една работа за која не смее ни една секунда да се колеба. Западната ориентација на Македонија е во сите развојни документи, собраниски декларации и досегашни договори и сојузи. Иванов нанесува несогледлива штета по угледот на земјата, што еден радосен и историски чин го претовара во дилема, пренесувајќи им на граѓаните крајно лоша порака и сомничавост за нешто за што треба сите да се радуваме, а најмногу тој како врховен командант на вооружените сили и како претседател на државата. Од голема победа се обидува да направи голем пораз. Јавно покажува и докажува дека сите негови заложби за поддршка за членство во НАТО и во ЕУ биле лажни

