Day: June 6, 2018
Верба во себе и во своето магаре
Овие денови повиците да се впрегнеме во сопствени сили и да ги завршиме работите кои никогаш не сме ги завршиле, а многу од тие работи не сме ни почнале, ми наликуваат на изреката да имаме верба во себе и во своето магаре кое стои на сред мост, не мрда ни за жива глава, ни напред ни назад. Тоа се вика магарешки инает. Магарето што стоеше на сред мост одамна пцовиса, што од инает, што од глад. Првпат по 27 години се појави ново магаре кое сака да тегли напред и не сака да стои на мостот. Е, тоа е веќе голем проблем, воопшто не е магарешки да се нема тврдоглавост и инает. Поминувањето од другата страна на мостот станува предавство, невидена брука и срамота, страшно понижување, голема опасност да ја изгубиме магарешката позиција и традиција.

