Day: June 8, 2018
Замина поетот ефенди Матеја Матевски
Зошто Матеја е голем ефенди. Тоа го појасни во една пригода неговиот пријател, писателот Фахри Каја, кој го именува како ефенди од Стамбол, но не поради тоа што Матеја е роден во Истанбул, туку затоа што зборот ефендиос со грчко потекло на турски јазик попримил повеќе значења, па ефенди не е само господин, туку човек на кого му се верува, учен, воспитан, чист, убав, умен, мудар и чесен. Тоа беше Матеја Матевски, тоа и ќе остане во спомените на неговите пријатели. Творештвото му останува за сите и за навек.

