Кој ќе ја запре иднината на Македонија
Што мислите - дали може Македонија да остане со прстот во уста и да извиси по сѐ што направи и кој ќе биде тој силен јунак што ќе ја запре иднината на Македонија и на два милиони граѓани да стане членка на НАТО и во догледно време на ЕУ. Постои ли таква изгледна опасност. Дали е тоа заканата на претседателот на Франција, Емануел Макрон, или на Русија и Владимир Путин. Или, можеби, многу поопасни се локалните опозициски политички лидери Кирјакос Мицотакис и Ѓорге Иванов, кој кога спие ја извршува и функцијата претседател на државата. Или, пак, најголема опасност е кај актуелната власт на Македонија, која не знае како се спроведува кампања за историски најзначаен референдум










