Month: February 2018

Ориент експрес

Еднакво среќни, или несреќни

За можно добро решение меѓу Грција и Македонија, двете страни треба да ги отстранат пречките и да се најдат на половина пат, да изберат дали поради тоа ќе бидат еднакво несреќни, или еднакво среќни пред своите противници. Во оваа фаза од преговорите веќе би требало да преовладува сознанието дека ни на Грција, ни на Европа, ни на Балканот, а најмалку на Македонија, не им е во интерес лош договор кој многу бргу ќе се покаже како неодржлив. Најновите клучни зборови „одржливо“ и „стабилно“ кажуваат дека сѐ уште има многу работа и дека сѐ оди во правец на заемно прифатливо решение, а не на надмудрување
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Ќе нѐ уништи незнаењето и примитивизмот

Треба да се каже јасно и гласно само напред кон Запад, кон Европа и гледајте во ретровизорот за да се одржува пристојно дистанцата од тие што влечат назад. Нема многу време за празни и јалови дебати. Треба храбро да се преземе одговорноста по цена на саможртва да се стаса што побрзо до целта. Не повеќе од десетина години по влезот на Македонија како членка на НАТО и во ЕУ оваа историска ера повеќе од 30 години ќе биде одбележана како изгубено време на штета на граѓаните на Македонија кое никогаш не може да целосно да се надомести
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Шчо требит да праиме за одназад

Еве уште само две-три прашања од многуте што деновиве ги мачат и ги делат граѓаните на Македонија на кои треба јавноста да ги дознае одговорите од луѓето кои имаат решение членство во ЕУ, ОН и во НАТО со уставното име ама долги години молчеле. Дали вие веќе знаете како ќе завршат преговорите како што прикажувате во вашето отворено писмо или манипулирате? Дали ги знаете последиците ако ги прекинеме еднострано преговорите? Дали вие знаете што ќе одговори Генералното собрание на ОН ако Владата побара да се укине референцата и да се донесе резолуција со прифаќање на уставното име за сите употреби, или се играте со чувствата на граѓаните?
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Писмо за прекин на преговорите со Грција

Близу 200 јавни личности и интелектуалци упатија писмо до политичките лидери и до Владата да ги прекине преговорите со Грција со посредство на Метју Нимиц и да упати барање до Генералното собрание на ОН да се стави крај на употребата на привремената референца и на Македонија да и се гарантира непречен прием во меѓународните организации под уставното име. Колку била лесна работата за која се изгубија децении. Просто човек да не може да се изначуди како ова до сега на никој не му текнало. Стегни барање до ОН и готово, се заврши работата со Македонија
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Маките на Самарас и на Груевски

Големи се маките на поранешните премиери во соседните балкански држави, на Груевски и на Самарас, бидејќи и двајцата се чувствуваат наклеветени, онеправдани и невини жртви на политички терор поради иста работа. Не го даваат името Македонија.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

И ние сме силувани од извршители…

Повод за ваквата колумна не е светскиот тренд „Ми ту“ за мобингот што е вршен врз холивудските ѕвезди и нивните страдања на патот до успехот, туку јавното обраќање на нашата сограѓанка Ѓуксен Мамут, во чие искуство на спречување обид за кражба, се препознаа илјадници граѓани како жртви на брутално посегнување по нивниот џеб. Г-ѓа Ѓуксен ги фати живи арамиите.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Македонија не е Кападокија

Просечно информиран човек може да се засрами и да се чуствува навистина како идиот од некои медиумски написи и изјави на политичари и граѓани во Скопје, во Солун и во Атина, како и од разни небулози искажани во дебати било да се работи за Македонија, за Грција, за Бугарија, за Србија, за Косово и за Албанија. Во добар дел тоа е трагичниот резултат на пропагандите од градинки до највисокото образование, до науката и искривената историја кои предизвикале пустош во свеста на најголемиот број граѓани на целиот Балкан каде со векови се таложела омраза и нетрпеливост
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Византиски игри на Иванов и на Мицкоски

  Ѓорге Иванов, претседателот на државата, и Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со партискиот врв ги отпочнаа своите активности за попречување на Република Македонија да стане членка на НАТО и на ЕУ. Со византиски игри и со преку ноќ осмислена кампања со сомнително нагласена ориентација кон Запад, ЕУ и…
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Да си здрав и жив господине Карл Билд

„Мислам дека треба силна посветеност од моќните држави на ЕУ и институции за да се стигне до компромис за името. Без тоа, стратегијата на ЕУ за Балканот може да пропадне“. Ова го напиша и обзнани Карл Билд, познат европски политичар, копретседавач на Советот на Европа за надворешна политика и поранешен…
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

И во Атина марш на срамот

Сѐ што беше разумно во последниот обид да се најде решение меѓу Грција и Македонија е донесено под знак прашалник со митинзите. Жална, многу жална е пораката од Атина до светот, до соседите, до Брисел, до ОН и до сите оние што сакаат и вложуваат со децении напори да се реши неправедно наметнатиот спор кон Македонија.
Прочитајте повеќе »