Day: February 22, 2018
Шчо требит да праиме за одназад
Еве уште само две-три прашања од многуте што деновиве ги мачат и ги делат граѓаните на Македонија на кои треба јавноста да ги дознае одговорите од луѓето кои имаат решение членство во ЕУ, ОН и во НАТО со уставното име ама долги години молчеле.
Дали вие веќе знаете како ќе завршат преговорите како што прикажувате во вашето отворено писмо или манипулирате?
Дали ги знаете последиците ако ги прекинеме еднострано преговорите?
Дали вие знаете што ќе одговори Генералното собрание на ОН ако Владата побара да се укине референцата и да се донесе резолуција со прифаќање на уставното име за сите употреби, или се играте со чувствата на граѓаните?

