Поранешна Република Македонија
Националистите во Солун и во Атина го покажуваат грдото лице на грчката демократија. На примитивните популистички митинзи се минира изгледноста да се најде прифатливо решение за иднината на соседот, да стане современа и стабилна европска држава и голем сојузник на Грција. Ако и овој пат победат националистичките и шовинистички струи кои најмногу го посакуваат името Поранешна Република Македонија, не знаат дека новите граници ќе им бидат коска во грлото не само на Македонците, туку и на Грците бидејќи тие ќе бидат единствените губитници од новата карта на Балканот која самите ја цртаат


