Posts written by Erizaov

This author has written 688 articles
Ориент експрес

Кој треба да се чукне по глава

И додека во Македонија траат дискусиите, полемиките, анализите, кавгите, заканите, навредите... на лутите непријатели како да стасаат до иста цел (сите тврдат дека се за ЕУ и НАТО), на Балканот, во најблиското соседство се преговара за размена на територии и се прават нови географски карти. Само политички дилетанти не можат да разберат колкава опасност е тоа за Македонија
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Кој ќе преживее, ќе наебе

Ако Македонија го испушти последниот воз поради немање национално единство и поради одлуката на власта да го финансира и толерира застрашувањето на граѓаните слободно да се изјаснуваат за својата иднина и иднината на поколенијата, тогаш нема друго освен тоа кој ќе преживее да наебе. Кога ова им го кажа ЈУ-легендата, актерот Јосип Пејаковиќ, на граѓаните на Босна и Херцеговина, не звучеше ни како пцовка ни како закана, туку како загрижувачка реалност и нужна превентивна опомена.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

За курбан овца 50 евра по грло

За одржување под висока температура на овој зовриен референдумски котел, во кој можеме сите да се свариме како одрани курбани, за трошоците на стрижачите на овци се потребни скромни 50 евра по запишан човек во Избирачкиот список сосе фантоми и мртви души. Во тој случај на сметките на неколку организатори и изведувачи на пропаганди ќе легнат цирка околу 100 милиони евра
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Мицкоски ќе го праша народот

За да нема дилеми и сомнежи што ќе смисли Мицкоски до 10 септември, вели дека подобро е да нема никаков договор отколку да има лош договор. И ако околу ова има неразбирање, за секој случај Мицкоски упатува на бојкот, додуша без да го спомне тој збор, но со јасна порака кога вели дека очекува прилично стерилна тросмислена кампања што ќе го пренасочи фокусот на граѓаните на погрешна страна, па луѓето практично збунети ќе останат дома на 30 септември да плетат чорапи за зимата, која може годинава да биде сибирска.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Кога ако не сега

Трансформацијата од „ем шуто ем боде“ во „ем работи ем молчи и чека да седне на заедничка маса, па да каже што има да каже“, треба да биде мудроста што ќе ја обележи последната етапа од македонскиот пат кон Европа. Тоа ќе биде најмачниот, но и најзначајниот период во поновата историја на Македонија, задача која припадна како обврска да ја заврши оваа генерација. Наместо да се однесуваме како светска велесила и да делиме популистички и патриотски лекции, треба да се држиме до геслото - прво рипни, па кажи оп. Кога, ако не сега
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Читајте ги Колбе и Вoскопулос

И Кица Колбе и Павлос Вoскопулос не случајно, чинам, најдобро ја одредуваат суштината на договорот со Грција. Двајцата деца на страдалници од историските настани во Граѓанската војна во Грција се издигнале над омразата и ја согледале европската димензија на компромисот.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Кој ќе ја бојкотира Македонија

Определбата ПРОТИВ договорот со Грција и повикот за бојкот е само маска и силна алатка за манипулација со граѓаните зад која се кријат сосема други мотиви. Се работи за пропаганда која е препознатлива како производ на разузнавачките лаборатории на противниците Македонија да биде членка на НАТО и на ЕУ
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Пссст… Мицкоски размислува

Пссст, тишина. Не кревајте врева, Мицко го чита договорот со Грција. Само за еден час стана еден од трите отсто привилегирани граѓани кои го прочитале предавството на Македонија. Па, не било ова толку лошо, како што ми прикажаа тие што уште не го прочитале.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Ќе ја доупропастуваат ли Македонија?

Во своите спомени најучениот оснивач на ВМРО, Иван Хаџи Николов пишува „...ми се облица срцето со крв при помислата да се пишува за една организација, која за резултат го има упропастувањето на Македонија ... која ја погреба Македонија и и' причини огромни жртви од луѓе и материјални блага, а јас, пак, се чувствувам како виновен за сите тие злосреќи, дека и јас и моите другари станавме причина за револуционизирањето и во последица на тоа погубувањето на Македонија и на Македонците. И јас му се чудам на македонскиот дух, како тие луѓе не не' убија со камења откако го здогледаа грозниот и жалниот излез на нашата револуционерна иницијатива ...“
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Претседателот како Насредин-оџа

Еве како оди приказната за Насредин-оџа, или за Итар Пејо одберете вие. Еден ден пред да замине за Крушево и да го одржи својот историски говор кај претседателот стасала една жена која го замолила нашиот учен и мудар професор да ѝ прочита едно писмо. Се разбира, Пејо веднаш се дал на читање. Па вели: Почитувана госпоѓо, еве по долго време решив да ви се јавам и да ве прашам како сте со здравјето и како се сите ваши домашни... Аман претседателе, спискала жената, ова не е писмо, туку договорот со Грција. Па што не кажеш бре жено дека е договор, да го читам како договор. Ти ми рече писмо и јас читам како писмо
Прочитајте повеќе »