Day: May 3, 2019
Зошто ќе гласам за Пендаровски
Со изборот на Стево Пендаровски современиците имаат историска шанса, но и обврска да ја продолжат и да ја завршат најзначајната работа за иднината на својата земја. А, тоа е Македонија да ги оствари своите стратегиски цели и да се спаси од сирмаштија, заостанатост, делби, крвопролевање и исчезнување.
Гордана Силјановска-Давкова заедно со раководство на ВМРО-ДПМНЕ одредено од Никола Груевски, како негови чувари на претстолот, се стави на погрешната страна на историјата. Затоа ќе бидат поразени, за да се спаси Македонија. Друго чаре нема.

