Day: May 23, 2018
Кој го задуши Илинденското востание
Предлогот „Илинденска Македонија“ не потраја ни 10 дена колку Крушевската Република. Востанието овој пат беше задушено само за еден ден. Овој пат тоа не го направија Османлиите. Арно ама, се покажа и на двете страни, и во Грција и кај нас, кои се тие сили што влечат назад и не сакаат никакво решение. Дали тука ќе се закочат работите на голема радост на противниците да се најде прифатливо решение и во Грција и во Македонија? Ќе победи ли темната страна на Балканот?

