Day: May 15, 2018
Режимските новинари да молчат
Сопственици на медиуми, уредници и новинари,затскриени зад божемни професионални стандарди, откако цели 11 години секојдневно ја деградираа професијата до дно и од неа направија пачавра, се обидуваат да се прошверцуваат како храбри критичари. На тоа немаат право, ни професионално ни морално, додека не ја признаат јавно својата вина, додека не им се извинат на јавноста и на колегите кои ги прогласија за непријатели и странски платеници и додека не ги платат гревовите и пред судот на честа и пред редовниот суд

