Month: April 2018

Ориент експрес

Ќе се повтори ли крвавиот четврток

секој 27 април би требало биде повод никогаш да не се заборават обидот за државен удар, обидите за убиства и линч на народни избраници и да се оневозможи конституирањето на Собранието, изборот на претседател и формирање влада
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Можна е граѓанска војна во Западен Балкан

Ако земјите од Западен Балкан не станат членки на Европската Унија, во тие држави може да избие повторно граѓанска војна. Ова директно, без заобиколување, им го соопшти на француската и на европската јавност Херман ван Ромпуј, поранешен претседател на Европскиот совет и премиер на Белгија. Тоа беше брз одговор со…
Прочитајте повеќе »
Интервју

Гостување во „Уреднички брифинг“ на 1tv.mk заедно со Сашо Орданоски

Улогата на новинарството како етичка професија и мешањето на политиката во информациите. Како се известуваше и која е иднината на новинарството – на овие теми Ацо Кабранов разговараше со новинарите Сашо Ордановски и Ерол Ризаов во „Уреднички брифинг“
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Балкански бауч над Европа

Македонија конечно е на патот без враќање, со билет во џебот само за еден правец. На Запад. Или ние ќе стасаме таму или Запад ќе пристигне на Балканот. Друго чаре нема, и да има, не чини. За брзината со која ќе патуваме во Европа одлучуваме сами
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Со кого е сојузник Македонија

Интересите на Македонија се јасно зацртани во стратегиите за нејзината иднина кај сите политички партии и кај големо мнозинство од граѓаните. Тоа се ЕУ, НАТО, Запад и Америка. Македонија за тоа има цврсти и одамна договорени права и обврски, како кандидат за членство во ЕУ и како земја која очекува во блиска иднина покана за членство во НАТО
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Падна ракета на Гази Баба

Грмна силно како да прелетуваат десет бомбардери, готово е реков, војната почна, рикна многу блиску една ракета земја-зема, на Гази Баба, среде Скопје, среде бел ден. Еден булдожер голем како два тенка почна да ја освојува најубавата ливада пред шумата. За 20-ина минути од зеленилото колку на едно фудбалско игралиште булдожерот направи дупка, цел еден голем кратер како од американска ракета во Сирија. Потоа го пресече ридот накај населбата Железара како коцка путер со остар нож, удри со челичната корпа по зеленилото, откорна цели пластови...
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Груевски ја дотепа ВМРО-ДПМНЕ

Во Собранието со јавно обраќање Груевски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е обичен фалсификат на артефакт од 19 век кој не може да стои ни во сопствениот музеј, а не да управува со држава кандидат за влез во ЕУ. Ова беше можеби најподмолен удар на Груевски кон неговиот наследник Христијан Мицкоски за да си остане Санчо Панса, негов слуга сѐ додека тој халуцинира дека е Дон Кихот, големиот рицар кој не дознал дека феудализмот веќе не постои и дека нема повеќе средновековни деспоти и деспотии
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Убавите џипови убаво горат

Во изминатите неколку години постојано низ поголемите градови на Македонија хараат банди ајдуци и арамии кои за неколку стотини евра ќе му ја запалат и постелнината на министерот за внатрешни работи, а не некој џип паркиран на улица. Горат џиповите на деловни луѓе, на политичари, на новинари, на полицајци, на доктори, на гангстери, на комарџии, на мафиози....Истрагите завршуваат со кревање на рамења, а и не се баш ревносни кога станува збор за џип на јавни личности. Чаршијата и кафулињата најчесто ја завршуваат истрагата прецизирајќи што е рекет, што е закана, што е освета, што е казна, што е неплатен долг, што е неверство, што е завист......Џиповите се најатрактивни за оправдување на злоделата бидејќи ја хранат сиромаштијата и бедата со примитивизмот: нека му е, мамата негова, арно му направија, од каде му џип.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Бирократијата ќе ја изеде државата

Запамтете деца, рече професорот, големите промени и реформи за кои постојано зборуваат политичарите ќе почнат кога на шалтерите нема да се наведнувате и ќе нема пауза, туку само повелете. Ако дотогаш бирократијата не ја изеде својата држава како богомолка мажјакот
Прочитајте повеќе »