Day: April 18, 2018

Ориент експрес

Падна ракета на Гази Баба

Грмна силно како да прелетуваат десет бомбардери, готово е реков, војната почна, рикна многу блиску една ракета земја-зема, на Гази Баба, среде Скопје, среде бел ден. Еден булдожер голем како два тенка почна да ја освојува најубавата ливада пред шумата. За 20-ина минути од зеленилото колку на едно фудбалско игралиште булдожерот направи дупка, цел еден голем кратер како од американска ракета во Сирија. Потоа го пресече ридот накај населбата Железара како коцка путер со остар нож, удри со челичната корпа по зеленилото, откорна цели пластови...
Прочитајте повеќе »