Day: January 5, 2018
Можна ли е амнестија за државен удар
Осомничените што сега се во притвор во врска со настаните од 27 април и тие што допрва ќе се соочат со правдата не можат да бидат амнестирани со политички одлуки, но можат да се бранат од слобода ако
законот дава таква можност. Судската пресуда без оглед дали е ослободителна, или казна затвор при вакви
настани е единствената мерка што мора да биде измерена прецизно и непристрасно на кантарот на правдата. Тоа не смее да биде ни политичка пресметка ниту, пак, гледање низ прсти. Пресудите и образложенијата на судските одлуки за овој настан ќе бидат дел од современата историја на Македонија

