Month: December 2017

Ориент експрес

Иднината не е судбина

„Страв, беспомошност, сомневање? За такво нешто, и покрај ризиците, нема причина иако во државата сѐ уште нема уредни политички односи... Сѐ поголем број граѓани вртат со главите, но мора ли да бидат загрижени? Не, нема причина за страв. Не треба…
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Без лицитации и егзалтации за името

Ако продолжат ваквите лицитации и еуфорични изјави што на некој министер му се допаѓа или не, лесно може да се изгуби позитивниот тренд и добриот амбиент создаден во јавноста да се најде заеднички прифатливо решение. Тоа може да го уништи и најдобриот и најповолниот предлог бидејќи одењето на референдум е веќе завршена работа. Затоа новите функционери сега нека се воздржат од пласирање на своите желби и размисли во врска со името, тоа нека им го препуштат на тие што се задолжени да ја вршат таа работа
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Наместо калориметри потребни се блесиметри

Затоа, уште денес господнине Анѓушев фрлете го законот во кош. Кажете гласно пу, пу, не важи. Соопштете ѝ ги на јавноста лобистите за оваа зделка. Направете закон со целосна заштита на граѓаните. Тој што сѐ уште има монополска позиција треба да плати данок на екстра профит поради привилегирана положба на пазарот. Тие што собираат секој месец пари за греење, и лете и зиме, што го имаат и сатарот и кантарот, треба задолжително да ги купат и монтираат калориметрите под инспекциски надзор да не баждарат крадешкум во своја корист.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Слобода за пратеничката вечен патник

Специјалното јавно обвинителство треба веднаш да ја прекине постапката против пратеничката која поминала 235.000 километри, и шест пати го обиколила светот, целата планета, одејќи на седници на парламентот во Македонија, која се поминува со автомобил додека испиеш кафе и испушиш две цигари
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Америка и Русија ја издуваа скопската магла

Слатко се изнасмеав кога Америка и Русија, двете најголеми планетарни сили, ни понудија идеи по многу поволни цени, речиси бадијала, да се расчистат маглата и смогот во најзагадениот град во светот, во нашето Скопје. Ќе речете работата не е за смеење, туку за плачење. Така е, ама и црниот хумор знае убаво да насмее. Башка, ситуацијата кога двајца светски прваци бркаат густа магла, со нож да ја сечеш, кај третиот светски првак во загаденост душа дало за хумор и сатира. И, гледај чудо невидено, ја издуваа, цели три дена во Скопје нема магла и може слободно да се дише ако имаш маска.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Суетни и недозреани политичари

Најновите ултиматуми и уцени што си ги испраќаат партнерите што ја делат власта ми наликуваат на лешинари кои се караат за остатоците од она што го изеле лавовите. Ако жртвата е Македонија, а лавовите се од ВМРО ДПМНЕ, тогаш орлите и хиените се суетните и недозреани политичари на власт кои абер немаат колку ум, демократски капацитет и меѓусебна толеранција се потребни да се управува со земја која 11 години била кркана и ждерена од корумпиран режим, а која им е доверена со изим на стотици илјади граѓани да дојдат до таму, одвај да курдисаат влада со тесно мнозинство
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Не е сè исто

Злоупотребите од страна на преостанатите партиски труби, на оправданите критики, станаа лесно лепливи пароли: сите се исти, сè е исто, ништо не се менува, сите крадат и сите лажат, ова ли се промените што ги баравме, големо е разочарувањето... сè до една опасни димни бомби со солзавец, за да не се видат значајните промени што се случуваат и што допрва ќе се случуваат ако се суди по насоката по која тргна Македонија
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Одиме напред или се вртиме во круг

Денес, кога го држите во раце овој број на „Независен весник“, изминува точно една година од вонредните парламентарни избори кои изнедрија промена на власта по 11 години автократски систем кој одбележа цела ера на корумпиран режим и страховлада со катастрофални последици и трагично заостанување во сите сфери на општествениот развој.…
Прочитајте повеќе »