Month: January 2018

Ориент експрес

Можна ли е амнестија за државен удар

Осомничените што сега се во притвор во врска со настаните од 27 април и тие што допрва ќе се соочат со правдата не можат да бидат амнестирани со политички одлуки, но можат да се бранат од слобода ако законот дава таква можност. Судската пресуда без оглед дали е ослободителна, или казна затвор при вакви настани е единствената мерка што мора да биде измерена прецизно и непристрасно на кантарот на правдата. Тоа не смее да биде ни политичка пресметка ниту, пак, гледање низ прсти. Пресудите и образложенијата на судските одлуки за овој настан ќе бидат дел од современата историја на Македонија
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Јас и Господ и никој друг

На гатачите на иднината во Македонија не им е тешко да погодат што нѐ чека, не само годинава, туку довека. Ќе пуштат неколку различни прогнози во оптек, некогаш сосема спротивставени и нема промашување, една-две сигурно ќе погодат. А и да ја утнат сосема работата, кој ќе проверува и ќе прикажува за ланските праски, кој што кажал и како се обложил. Тоа е ептен здодевна и глупава тема. И, кога ќе стаса денот на воскреснување, или на потоп, сеедно, ете ги во хор: абе што ти кажав.... ти реков ли ја што ќе биде.... јас и Господ и никој друг.
Прочитајте повеќе »