Banner
Ориент експрес

Состанок со историјата

Ако се заврши работата како што предвидува договорот, тогаш победниците ќе ја пишуваат историјата не како што тие сакаат, туку како што наложува времето како најнепристрасен судија, но и современите историчари, вистински научници, неоптоварени со национализам и идеологија, најголемото зло на Балканот
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Нова ера во Македонија

Промената на името на државата не ги прави среќни граѓаните на Македонија, што е сосема разбирливо и нормално. Мора да се има предвид фактот дека голем број граѓани го прифаќаат овој чин со жалење, тага и револт, но и со олеснување само поради европската иднина и поради ветеното брзо членство во НАТО и догледното, за неколку години, членство на Македонија во Европската Унија. И тоа е сосема во ред да се мери што е подобро и што е од поголем интерес
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Што правиме ако се договорат Ципрас и Заев

Додека чекаме да се чујат по телефон или да се видат во живо, премиерите на Грција и на Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев, и да му соопштат на светот дека тридеценискиот спор, позамресен од Гордиевиот јазол, е одмрсен, ми дојде на ум една приказна од соседството за која велат…
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Замина поетот ефенди Матеја Матевски

Зошто Матеја е голем ефенди. Тоа го појасни во една пригода неговиот пријател, писателот Фахри Каја, кој го именува како ефенди од Стамбол, но не поради тоа што Матеја е роден во Истанбул, туку затоа што зборот ефендиос со грчко потекло на турски јазик попримил повеќе значења, па ефенди не е само господин, туку човек на кого му се верува, учен, воспитан, чист, убав, умен, мудар и чесен. Тоа беше Матеја Матевски, тоа и ќе остане во спомените на неговите пријатели. Творештвото му останува за сите и за навек.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Верба во себе и во своето магаре

Овие денови повиците да се впрегнеме во сопствени сили и да ги завршиме работите кои никогаш не сме ги завршиле, а многу од тие работи не сме ни почнале, ми наликуваат на изреката да имаме верба во себе и во своето магаре кое стои на сред мост, не мрда ни за жива глава, ни напред ни назад. Тоа се вика магарешки инает. Магарето што стоеше на сред мост одамна пцовиса, што од инает, што од глад. Првпат по 27 години се појави ново магаре кое сака да тегли напред и не сака да стои на мостот. Е, тоа е веќе голем проблем, воопшто не е магарешки да се нема тврдоглавост и инает. Поминувањето од другата страна на мостот станува предавство, невидена брука и срамота, страшно понижување, голема опасност да ја изгубиме магарешката позиција и традиција.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Следниот митинг на велосипеди

На еден вака организиран хепенинг против загадувачите и ограбувачите на Македонија, сите ленти на „Партизанска“ од центарот, па до „Ѓорче Петров“ и назад, ставам две раце во оган, ќе бидат полни со близу 50.000 луѓе, според квадратурата на просторот, што може да даде пак погрешна слика, бидејќи ролерки, велосипеди и арамиското гнездо на ВМРО-ДПМНЕ се неспоиви и никако не одат заедно. Не може да се изедначува 21 и 19 век во ништо
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Злоделата на претседателот Иванов

Претседателот, преку неговиот кабинет, иако тврди дека не е информиран за преговорите со Грција, со своите закани за вето уште пред да ги добие сите информации од прва рака, неприлично за еден претседател на држава јавно се определи да пропаднат сите повеќедецениски напори за евроатлантските интеграции на Македонија
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Изгубеното време е наш најголем пораз

Зошто времето е најскапо. Многу едноставно, оти тоа што денес или утре ќе го прифатиме сме можеле да го прифатиме и пред десет или дваесет години, и на денешната скромна прослава на десетгодишнината од членството на „Нова“, „Северна“ или „Горна Македонија“ во НАТО и пет години од членството во ЕУ да го искажеме лицемерно незадоволството, како што сите прават во ЕУ, затоа што сѐ уште просечната плата од 1.000 евра ни е најмала во Унијата и затоа што уште не е запрена миграцијата на младите учени луѓе во западноевропските држави
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

На ВМРО-ДПМНЕ ѝ истече времето

Ерата на груевизмот и на ВМРО-ДПМНЕ заврши. Слободата и демократијата не одат заедно со политички партии кои со својата идеологија се сѐ уште во 19 век со влијание на политичари чиј лажен патриотизам и чесност се мери во судовите и во законските одредби со повеќе години затворски казни. Македонија ги усвои мерилата за владеење на правото и за демократијата. Во тие аршини нема место за ваква ВМРО-ДПМНЕ и нејзините политички и криминални сателити и партнери
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Кој го задуши Илинденското востание

Предлогот „Илинденска Македонија“ не потраја ни 10 дена колку Крушевската Република. Востанието овој пат беше задушено само за еден ден. Овој пат тоа не го направија Османлиите. Арно ама, се покажа и на двете страни, и во Грција и кај нас, кои се тие сили што влечат назад и не сакаат никакво решение. Дали тука ќе се закочат работите на голема радост на противниците да се најде прифатливо решение и во Грција и во Македонија? Ќе победи ли темната страна на Балканот?
Прочитајте повеќе »