Banner
Ориент експрес

Мицкоски нагло закочи и тргна во рикверц

Некој галиба му шепнал на Мицкоски дека со 700 до 800 илјади гласови за европска Македонија во истиот миг се селат не во подлабока опозиција, туку на други адреси, а некои дома. Сега Мицкоски ќе почека да види што ќе биде од сето тоа, па потоа ќе размисли дали е можно да се бојкотира и референдум и предвремени парламентарни избори, а притоа да се докаже дека влезот во НАТО и во ЕУ нема врска со капитулантскиот договор, оти тој ќе склучел уште подобар
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Зошто Заев е толку самоуверен

Сигурноста и убеденоста на премиерот и неговиот тим доаѓаат од историскиот предзнак за иднината на Македонија. И правдата и интересите и мнозинството граѓани се на иста страна. Сегашните оркестрирани кампањи, кои поради нарачки од партиските штабови и нови коалиции со медиумите прават привид на голема бројност, не можат да ја урнат мнозинската определба на граѓаните на Македонија
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Север е страна на светот, а не нација

Кои се осумте најголеми лаги и како да ги препознаeте големите лажговци и нивните манипулации со мотиви да не успее референдумот, Македонија да не биде членка на ЕУ и на НАТО. Овие осум суштински државни интереси на Македонија се предмет на најголеми манипулации и најопасни за попречување на иднината на државата. Договорот е направен со отстапки од двете страни за да биде одржлив, инаку брзо ќе биде ништовен. Во двете земји има сериозни закани да биде поништен. Загубата во тој случај би била голема и за Грција и за Македонија. Македонија ќе изгуби многу повеќе бидејќи и добива многу повеќе отколку што губи со неговото остварување.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

На Македонија ѝ треба нова преродба

Кај искрените поддржувачи на евроатлантските интеграции на Македонија страхувањата не доаѓаат од времето, туку од неизвесноста дали работата и домашните задачи ќе ги завршиме, дали противниците кои Македонија не ја гледаат во НАТО и во ЕУ, дома и надвор, нема да предизвикаат немири и нова политичка, безбедносна и економска криза
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Можат ли да се договорат Македонците со Македонците

Дали овие преговори меѓу себе, Македонци со Македонци, ќе бидат потешки од оние со Македонците од Грција. Одговорот е да, со голема изгледност воопшто да не се одржат, а ако се одржат, да завршат со тотален неуспех. Всушност, тоа е причината и во 21 век да бидеме современици веројатно на последниот обид да се предизвика уште една трагедија на македонскиот народ која нѐ следи со векови. На сите ни е повеќе од јасно дека ако преговараат „патриоти“ и „предавници“, каква што е сега поделбата, тогаш тешко ќе стасаме до Табановце, а не до Брисел
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Кој ќе ја запре иднината на Македонија

Што мислите - дали може Македонија да остане со прстот во уста и да извиси по сѐ што направи и кој ќе биде тој силен јунак што ќе ја запре иднината на Македонија и на два милиони граѓани да стане членка на НАТО и во догледно време на ЕУ. Постои ли таква изгледна опасност. Дали е тоа заканата на претседателот на Франција, Емануел Макрон, или на Русија и Владимир Путин. Или, можеби, многу поопасни се локалните опозициски политички лидери Кирјакос Мицотакис и Ѓорге Иванов, кој кога спие ја извршува и функцијата претседател на државата. Или, пак, најголема опасност е кај актуелната власт на Македонија, која не знае како се спроведува кампања за историски најзначаен референдум
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Иванов – потпишувај, не играј си со државата

Веќе два дена претседателот размислува за една работа за која не смее ни една секунда да се колеба. Западната ориентација на Македонија е во сите развојни документи, собраниски декларации и досегашни договори и сојузи. Иванов нанесува несогледлива штета по угледот на земјата, што еден радосен и историски чин го претовара во дилема, пренесувајќи им на граѓаните крајно лоша порака и сомничавост за нешто за што треба сите да се радуваме, а најмногу тој како врховен командант на вооружените сили и како претседател на државата. Од голема победа се обидува да направи голем пораз. Јавно покажува и докажува дека сите негови заложби за поддршка за членство во НАТО и во ЕУ биле лажни
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

ВМРО-ДПМНЕ повикува на државен удар

Без жртви, без хаос, без насилство, без криминал и корупција, без уцени и рекет, без сеење страв, без тиранија и режим не функционира партијата која 11 години владееше без контрола и ја држеше државата заробена
Прочитајте повеќе »