Во денешното отворено студио уредникот Сашо Ордановски зборуваше со долгогодишниот новинар Ерол Ризаов. Ризаов вели дека пишувањето колумни го смета за врв на новинарството, но дека доцна се одлучил и самиот да ги пишува.
-Се определив за колумна затоа што сметам дека тоа е врв на новинраството кога можеш да се обратиш во прво лице. Она што е сега феномен е што е изменет целиот медиумски простор и обсервацијата на читателите, помалку бараат медиум, повеќе го бараат својот автор. Во овие години се намножија многу добри автори кои најдоа интересни пристапи со стил и возбудливо е да се чита. Ме вади од умот што политичарите пишуваат повеќе партиски отколку идеолошки, ако некоја политичка партија сака да има свои колумнитсти во медиумите нека избере вистински колумнисти кои знаат идеолошки да ги постават работите.
Во однос на Договорот од Преспа вели дека ако грчкиот парламент го ратификува се отвора новата ера која ќе најтешката етапа од нашите евроинтеграции.
-30 години пишувам за ЕУ и НАТО, уште од Југославија. Сѐ изглеаше неверојатно дека Македонија ќе влезе во ЕУ поради спорот со Грција, се користеа внатрешни пресметки и сега кога се појави оваа шанса ние кои бевме упатени гледавме со сомневање и изгледаше дека се најде некое решение. Сега не сакам да верувам како граѓанин дека овој огромен проект може да пропадне. Македонија е во едно исчекување. Ако грчкиот парламент го ратификува договорот се отвора новата ера но таа ера ќе биде најтешката етапа од нашите евроинтеграции, рече Ризаов.
Во отвореното студио со Сашо Ордановски разговараше и новинарот Деан Андоновиќ за претстојниот самит во Давос.
-Годинава откажаа само лидерите на 5-те членки постојани членки на ЕУ. Членови на ЕУ доаѓат, но не главните, откажа Трамп поради порблемите со Демоктратите, Тереза Меј не доаѓа, Маркон поради проблемот со жолтите елеци, Путин не доаѓа бидејќи се навреди за санкциите, а нема да присуствува ниту претседателот на Кина, рече Андоновиќ.
(Објавено на 1тв)




