Day: October 26, 2018
Умре царот, да живее царот
Денеска доволно дозирана почит беше што режисерот потпрен на бастун стаса на поклонение во театарот на една партиска претстава, силна пародија, без главниот јунак на сцената кој ја игра главната улога, но неговиот дух е во секој изговорен збор. На 125-годишнината од ВМРО ја гледавме драмолетката – „Умре царот, да живее царот“.
Мислеле, мислеле дворјаните со ореолот на маченик што ќе му го стават на главата на Никола Груевски пред да замине во затвор како да го спасат и него, и себеси, и државата од злоделата и гревовите. И смислиле. За сè што не чини во Македонија, виновни се тие што се противат и не се согласуваат со царот и неговите престолонаследници. Потоа зеле да ја чистат партијата од предавници, кодоши, арамии... од сите гадови што го предале светецот и го истуриле ѓубрето во дворот на непријателот

