Закон за главните виновници да станат херои
Последната понуда од ВМРО ДПМНЕ да се донесе закон по итна постапка која ќе ги ослободи од одговорност сите учесници во настаните од 27 април е признание дека главниот мотив не е Договорот со Грција, туку слободата на сите учесници во нападот на парламентот и пратениците за да не дојде до судска разврска и откривање на организаторот и на главните извршители на обидот за државен удар и прогласување на вонредна состојба. Предлогот за таков закон по итна постапка не е проследен со извинување и признавање на злосторничкиот акт, туку со ароганција и безобзирно условување. И жртвувањето за повисоки цели како што се членството во ЕУ и во НАТО треба да има мерка до каде може да се оди. Не може најголемите виновници да бидат херои.










