Day: December 24, 2017
Наместо калориметри потребни се блесиметри
Затоа, уште денес господнине Анѓушев фрлете го законот во кош. Кажете гласно пу, пу, не важи. Соопштете ѝ ги на јавноста лобистите за оваа зделка. Направете закон со целосна заштита на граѓаните. Тој што сѐ уште има монополска позиција треба да плати данок на екстра профит поради привилегирана положба на пазарот. Тие што собираат секој месец пари за греење, и лете и зиме, што го имаат и сатарот и кантарот, треба задолжително да ги купат и монтираат калориметрите под инспекциски надзор да не баждарат крадешкум во своја корист.

