Гостување во емисијата „24 анализа“ заедно со професорката Мирјана Најчевска, поранешниот член на Антикорупциската комисија, Ариф Муса и новинарката Наташа Стојановска.
Сакам да го замолам Џес Бејли деновиве да одржи едно предавање на Медицинскиот факултет пред идните лекари и фармацевти на тема: трговијата со смрт во Македонија. Како се увезуваат кај нас фалсификувани лекови и кој ги труе граѓаните и децата со опасни медикаменти дојдени во земјата со паралелен увоз без контрола
Никој пред законот не смее да остане недопирлив, па ни Јовановски. Откажувањето на претставата со извинување пред публиката во МНТ не е мотивирано од попречување на правдата, туку исклучиво е чин на солидарност поради одредување на мерката притвор на колега. Но мотивите надвор од театарот се токму спротивното. Да се спречи правдата
Некој предавник и изрод, најверојатно и странски платеник на вратата на скопска единица сабајлево залепил соопштение: патриоти, не врескајте бадијала, судот почна да работи. Повеќе не се примаат нарачки.