Може ли по трет пат само за месец дена да се повтори злокобното пребројување на гласови „ЗА“ и „НЕ“. Ќе гледаме ли пак на собраниската табла како истипцани комарџии во најголемиот рулет на коцкарска Македонија. Може ли да се игра на сè, или ништо на бројот 80 . Чив имот ставаат овие луѓе како влог во кој може да се изгуби сè ако падне бројката 79. Таков ризик не прифаќаат ни најголемите зависници, бидејќи ни коцкарскиот морал не дозволува кукавички напад врз сопствениот народ и врз сопствената татковина. Тоа нема да биде веродостоен резултат на демократско парламентарно изјаснување со недостиг на една „крената рака“ , или непритиснато зелено копче. Тоа не е демократско право само на еден или двајца луѓе гарантирано со устав , туку атентат на малцинството врз Македонија и врз мнозинството граѓани осмислен, планиран и инспириран од друго место.