Banner
Ориент експрес

Конкурс за Ќосе

Последен час е кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов во консултации со научните експерти и негови советници да распишат јавен оглас за нов Ќосе што ќе го ликвидира предавникот и непријател број 1 на Македонија , Зоран Заев, и…
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Адио господине Метју

Драг Метју, јас знам што мислите вие за овој единствен од овој тип проблем во светот, ама тоа до сега не можевте да го кажете гласно, оти се коси со правилата. Вие сте умен човек, а сепак успеавте да останете нормален, се надевам дека ќе ве служи здравјето да напишете една книга за вашата работа во изминатите децении кога баравте име за Република Македонија што нема да ја вознемирува Република Грција, а кое ќе им се допадне и на Македонците и на Грците. Тоа чудо невидено ќе мора да се учи на факултетите за меѓународно право, но и на медицинските и на ветеринарните факултети
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Ќе стави ли претседателот вето

Што мислите ќе има ли толкава храброст претседателот на државата Ѓорге Иванов да не го потпише законот за употреба на јазиците и да дозволи пратениците на власта и на опозицијата заедно да го изгласаат законот во втор обид. Чинам дека веќе некој му шепнал на претседателот дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи едногласно Законот ако дојде по втор пат на дневен ред во Собранието иако повеќе сакаат таа работа уште сега место нив да ја заврши претседателот им
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Како да се спаси Македонија

Две генијални решенија можат да ја спасат Македонија од големите маки и страдања. Првото решение е владата да воведе строга цензура во сите медиуми и на сите социјални мрежи никој да не смее да пишува за злосторствата и злоделата на претходната власт. И, вториот ингениозен изум, кој е веќе во поодмината фаза на остварување, е изградба на површина од 25.000 квадратни километри на најголема депонија во светот каде целото европско и домашно ѓубре ќе се пали под меѓународен надзор како медицински отпад
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Пишуваат ли Ципрас и Заев нова историја…

Тоа што на едните им изгледа прифатливо и фер за другите е ерес. Еве како тоа би изгледало на конкретен пример. Кажано хипотетчки, дури и да прифатат двете влади географска одредница нова Македонија , северна Македонија, горна Македонија, најчесто спомнуваните имиња во последните лицитации. Ако се остане само на тоа, може и да помине некако во Македонија, што чинам е невозможно во Грција
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Можна ли е амнестија за државен удар

Осомничените што сега се во притвор во врска со настаните од 27 април и тие што допрва ќе се соочат со правдата не можат да бидат амнестирани со политички одлуки, но можат да се бранат од слобода ако законот дава таква можност. Судската пресуда без оглед дали е ослободителна, или казна затвор при вакви настани е единствената мерка што мора да биде измерена прецизно и непристрасно на кантарот на правдата. Тоа не смее да биде ни политичка пресметка ниту, пак, гледање низ прсти. Пресудите и образложенијата на судските одлуки за овој настан ќе бидат дел од современата историја на Македонија
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Јас и Господ и никој друг

На гатачите на иднината во Македонија не им е тешко да погодат што нѐ чека, не само годинава, туку довека. Ќе пуштат неколку различни прогнози во оптек, некогаш сосема спротивставени и нема промашување, една-две сигурно ќе погодат. А и да ја утнат сосема работата, кој ќе проверува и ќе прикажува за ланските праски, кој што кажал и како се обложил. Тоа е ептен здодевна и глупава тема. И, кога ќе стаса денот на воскреснување, или на потоп, сеедно, ете ги во хор: абе што ти кажав.... ти реков ли ја што ќе биде.... јас и Господ и никој друг.
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Иднината не е судбина

„Страв, беспомошност, сомневање? За такво нешто, и покрај ризиците, нема причина иако во државата сѐ уште нема уредни политички односи... Сѐ поголем број граѓани вртат со главите, но мора ли да бидат загрижени? Не, нема причина за страв. Не треба сѐ што е неочекувано да влева страв... државата дејствува според…
Прочитајте повеќе »
Ориент експрес

Без лицитации и егзалтации за името

Ако продолжат ваквите лицитации и еуфорични изјави што на некој министер му се допаѓа или не, лесно може да се изгуби позитивниот тренд и добриот амбиент создаден во јавноста да се најде заеднички прифатливо решение. Тоа може да го уништи и најдобриот и најповолниот предлог бидејќи одењето на референдум е веќе завршена работа. Затоа новите функционери сега нека се воздржат од пласирање на своите желби и размисли во врска со името, тоа нека им го препуштат на тие што се задолжени да ја вршат таа работа
Прочитајте повеќе »