Ориент експрес

Поразот, митот и името

Како поинаку да се појасни, освен како лудост дека не било прифатливо, да речеме, името „Асномска Македонија“, единствената голема победа во современата историја и формирањето на првата национална и парламентарна држава Република Македонија, а се направи обид да помине Илинденското востание кое е пораз. Или, како не може да биде прифатено името „Нова Македонија“, која ги содржи сите илиндени
Прочитајте повеќе »

Кадровски геноцид во здравството

За само осум години, од 2010 година досега, повеќе од 2.000 лекари заминале во приватните клиники и во странство. Дали некој пресметал колку чини да се „направи“ еден добар лекар или еден професор на Медицинскиот факултет. Одговорот е - никој. Затоа што тоа и не може да се пресмета
Прочитајте повеќе »

Режимските новинари да молчат

Сопственици на медиуми, уредници и новинари,затскриени зад божемни професионални стандарди, откако цели 11 години секојдневно ја деградираа професијата до дно и од неа направија пачавра, се обидуваат да се прошверцуваат како храбри критичари. На тоа немаат право, ни професионално ни морално, додека не ја признаат јавно својата вина, додека не им се извинат на јавноста и на колегите кои ги прогласија за непријатели и странски платеници и додека не ги платат гревовите и пред судот на честа и пред редовниот суд
Прочитајте повеќе »

Попречувањето на правдата мора да престане

Трендот на банализација на судските процеси од ден во ден, со секое одлагање на судењата и на пресудите, прераснува во општонародна зафрканција и исмејување повеќе кон неспособноста на власта и на судството да го оневозможи попречувањето на правдата отколку кон бившите високи функционери обвинети за злоупотреба на овластувањата, за криминал, корупција и за злосторничко здружување, со местење на изборните резултати и уште еден куп тешки кривични дела
Прочитајте повеќе »

Заев жртва на сопствениот подвиг

Ако во оваа година и пол се покажа дека граѓаните на Македонија не знаат што да прават со слободата, уште повеќе се виде дека владата не знае што да прави со власта и со своите уставни надлежности и одговорности
Прочитајте повеќе »

Владата го погребува СЈО

Владата и во најновите судски реформи не покажува подготвеност за крупни промени во темелот за изградба на правна држава. СЈО ќе биде погребано во догледно време, според реформите во правосудниот систем. Оваа најавена смрт и озаконето убиство на правдата за недопирливите значи дека гонењето на организираниот криминал во врвот на секоја идна власт се разводенува до целосно уништување
Прочитајте повеќе »

И космосот и целиот универзум се грчки

Како што наближува денот „Д“, не само што грчките ставови стануваат потврди и некомпромисни, туку концентрацијата преминува на клучната византиска доктрина - Грција во никој случај да не биде виновна за крах на преговорите. Тоа го знае однапред целиот космос, бидејќи и тој е грчки
Прочитајте повеќе »

Ќе ја голтаме ли жабата

Последната етапа на преговорите меѓу Грција и Македонија е потешка од искачување на Монт Еверест без боци со кислород. Ако се завртиш назад, паѓаш во амбис. Ако тргнеш напред со погрешен чекор, пак паѓаш во амбис. Ако останеш во место, сигурно завршуваш со „бела смрт“ со убава слика пред очите, ама мртов. Единствен спас е да се освои врвот
Прочитајте повеќе »

Ќе се повтори ли крвавиот четврток

секој 27 април би требало биде повод никогаш да не се заборават обидот за државен удар, обидите за убиства и линч на народни избраници и да се оневозможи конституирањето на Собранието, изборот на претседател и формирање влада
Прочитајте повеќе »