Ориент експрес

Иванов во кампања против Македонија

Претседателот Иванов, преку соопштение до јавноста, на една недела пред историското изјаснување на граѓаните, всушност, прави обид за дестабилизација на државата со нови меѓусебни делби и омрази бидејќи со своите пораки ги загрозува евроатлантските интеграции на Македонија
Прочитајте повеќе »

Приказната за добрите правници

Деновиве јавноста беше преокупирана со иницијативата до Уставниот суд за оценување на уставноста на одлуката за распишување на референдумот. Седум од девет судии, главно избрани за време на претходната власт, гласаа за отфрлање на иницијативата. Но реагирањата по одлуката на Уставниот суд од подносителите на иницијативата оставаат горчлив вкус на сомнежи дека правната држава е погребена не пред десет, или дваесет години, туку баш сега на најзначајното изјаснување на граѓаните по независноста на Македонија
Прочитајте повеќе »

Салто мортале на Иванов и на Мицкоски

Масата и брзината во физиката имаат клучна улога во одредувањето на успешноста на скокот. Тоа професорот Мицкоски добро го знае, а не го применува. Професорот Иванов не го знае, а сака да го примени. Ако една коњска сила се мери така што 75 килограми треба да се кренат на еден метар височина за една секунда, тогаш колку време им треба на две коњски сили да прерипнат една пречка помала од просечна човекова височина
Прочитајте повеќе »

Говорите на Глигоров во ОН и на Заев во ЕУ

Ако Глигоров го почна и заврши својот говор во седиштето на ОН пред светските државници со пораката дека приемот на Македонија во семејството на народите означи остварување на вековните стремежи на македонскиот народ за сопствена држава, 25 години подоцна премиерот Заев во Европскиот парламент го најави почетокот на остварување на крајната цел Македонија да стане современа демократска европска држава, член на европското семејство и сојузник на НАТО
Прочитајте повеќе »

Мицкоски бара двобој за нови делби

Од кои било од наведените причини, ако Македонија не ја оствари историската шанса за влез во Европа и членство во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ќе носат голема одговорност дека во пресуден момент застанале и против државните и против партиските интереси. Тоа нема да биде ништо ново за оваа политичка партија, нејзиниот претходен лидер во претходните 11 години пред промената на власта тоа го правеше многу успешно, држејќи ја Македонија понастрана од Европа и НАТО
Прочитајте повеќе »

Што смислил Мицкоски

Ужасните грешки на претседателот Иванов и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, ги смести на буништето на историјата заедно со онаа „шака јада“, која агитира сеир и бојкот на референдумот изедначувајќи го со подготвување на ајвар. Невидена срамота, поголема брука не е забележена во поновата историја на Македонија, а рака на срце ги имаше бааги
Прочитајте повеќе »

Сите наши непријатели

Човек да не може да се изначуди како теориите на заговори на целиот свет против Македонија сè уште наоѓаат приврзаници. Напластените трауми низ вековите, прифаќањето да се биде вечна жртва и страдалник уште ги одржуваат жарчињата на сомнежите дека сите ни се непријатели и кога се на наша страна и кога ни нудат поддршка. Така, нашите најголеми поддржувачи, инвеститори, економски партнери и донатори се прогласуваат за непријатели, а тие што сакаат да ја вратат Македонија во минатиот век се вистинските пријатели. Не знам дали до 30 септември, до денот на референдумот, ќе остане некој од демократскиот свет што нема да ѝ даде поддршка на Македонија и на нејзините граѓани да се определат за иднината и за членство во ЕУ и во НАТО.
Прочитајте повеќе »

Фрау Меркел не доаѓа со празни раце

Најголемиот празник, Денот на независноста, утре ќе ни го честита германската канцеларка Ангела Меркел и тоа лично во главниот град на државата. Очекувањата се дека најмоќната дама во светот нема да дојде со празни раце, туку со честитката ќе ни ја врачи и гаранцијата Германија да застане цврсто зад Македонија со силна поддршка, како што тоа своевремено го направи со нашите соседи, да ни го отвори патот да ја оправдаме независноста на државата и да станеме дел од европското семејство.
Прочитајте повеќе »

Македонците се новите Евреи

Ова е предупредувањето за страшниот суд ако скршнеме од патот на Господ и на свети Павле, според новото евангелие по Клетников. Другите просветленија на народот македонски доаѓаат од универзитетски просветители, академици и потписници на петиции кои правно и научно кажуваат колку е штетен договорот со Грција и колкава е неправдата што му ја прават западниот свет и домашните предавници на македонскиот народ. Не, не исто. Едното е господова и библиска клетва до неверниците, а другото световна и научна.
Прочитајте повеќе »

Претседателот Иванов ќе бојкотира

Претседателот Иванов избра тој ден да не биде во татковината, да не се изјаснува на референдумот, одлучи да остане запишан во историјата како единствен претседател на државата кој учествувал во попречување на Македонија да ги оствари своите најголеми стратегиски цели - членство во НАТО и отпочнување на преговорите со Европската Унија
Прочитајте повеќе »