Сонот и јавето на Груевски
Мојот сон нема да биде остварен додека нашата држава не влезе во семејството на европските народи, во Европа без граници, каде што ќе ја оствариме нашата цел да имаме обединета Македонија во рамките на ЕУ. Нашиот сон нема да биде остварен додека не ја видиме Македонија како членка на НАТО. Мандатарот на новата влада Груевски, го кажа ова на Илинден 2006 година на своето прво обраќање како иден премиер на 35 тата иселеничка средба во село Трново.
Зошто Груевски толку бргу се откажа од својот сон и зошто тргна во обратна насока, каде ги направи стратегиските грешки, малку е веројатно дека ќе ја каже вистината во своите сеќавања кои ќе има добра прилика да ги напише во наредните две години










