Ориент експрес

Затворете ги устите, се задушивме

Обидите да се спречи Македонија да стане членка на ЕУ и на НАТО се најголемото загадување на човековата околина и најопасно труење за здравјето на луѓето. Тие се причина и за неподносливата сиромаштија предизвикана од еднодецениски грабеж. Протестите што ги организира ВМРО-ДПМНЕ имаат единствена цел да се спасат организаторите на обидот за државен удар на 27 април лани бидејќи сведоштвата покажуваат накај Никола Груевски и Ѓорге Иванов
Прочитајте повеќе »

Македонија во знакот на желка и рак

Вистинските експерти, не партиски пропагандисти, пресметале дека на Македонија и се потребни цели 70 години за да стаса до просекот на земјите членки на ЕУ и тоа ако се движи напред со сегашната брзина на желка, а често и назад како рак. Со раст од 2.8 отсто колку што изнесува стапката на развој, Македонија ќе жртвува уште неколку генерации да живеат во беда и сиромаштија за по еден век да го стаса европскиот просек пресметала Светската банка за обнова и развој. Притоа банката не проценила дали Македонија ќе преживее дотогаш.
Прочитајте повеќе »

Не плашете се – Груевски нема да се врати

Нема место за страв и паника ни во власта ни во опозицијата, Груевски нема да се врати, тој уште извесно време ќе остане во Будимпешта, додека не замине на новата побезбедна дестинација. Неговиот домаќин, премиерот Виктор Орбан, не дава ни пет пари за тоа што гласале пратениците во Брисел. Тој не го издава својот пријател и сојузник, како што тоа го направија неговите следбеници во татковината. Напротив, цената на домаќинот за престојот на Груевски во Унгарија сега расте. А, во Македонија по малата пауза продолжува сапуницата за тоа кој го прогонува, кој го суди, каде се парите, кој му помогна да избега на најпознатиот осуденик во поновата историја
Прочитајте повеќе »

Зошто Мицкоски повикува на протести?

Отварањето на сезоната зима - есен за масовни протести во организација на ВМРО-ДПМНЕ може да се претвори во обид за дестабилизација на Македкнија со цел да се блокира нејзиното членство во НАТО и ЕУ. Руските закани дека Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција ќе заврши со вето во Советот за безбедност на ОН се совпаѓаат со активностите во земјата за да не се усвојат уставните измени
Прочитајте повеќе »

Ја губи ли Владата самодовербата?

Додека европските институции се погласно бараат одговори од Унгарија и од премиерот Виктор Орбан за азилот на осудениот поранешен премиер Никола Груевски во транспарентен судски процес со оценка дека станува збор попречување на владеење на правото, во Македонија нема ефикасна истрага за виновниците кои дозволија да избега главноообвинетиот за повеќе тешки кривични дела. Ако не се расчисти и разјасни кој му помогнал на Груевски во Македонија да избега, владата ќе се соочи со нова неизвесност во остварување на историските цели и со сè погласни сомнежи за нејзино учество во бегството на Груевски
Прочитајте повеќе »

Разјаснете дали власта му помогна на Груевски да избега

Европскиот парламент и европската Комисија ја отвараат темата за азилот на Груевски. И во германскиот Бундестаг пратениците прашуваат дали Унгарија се претвара во продолжена рака на автократот Груевски. Шоканатна порака и за македонската влада од Бундестагот: Македонија да разјасни дали бегството на Груевски уследило со дозвола на тамошните власти. Доколку се покаже дека во тоа има замешано прсти власта, оставките не се доволни ни на премиерот Заев, ниту на целата влада. Веднаш нека си ги земат ќебињата и правец „Шутка“. Сами да си судат треба да си доделат по 10 години затвор. Премиерот Зоран Заев, владиниот тим и надлежните институции во моментот немаат поважна работа за иднината на Македонија од расчистување и разјаснување на фрлениот сомнеж дали бегството на Груевски е со нивна дозвола
Прочитајте повеќе »

Кој е следниот што ќе избега утре

Што мислите кој е следниот што ќе избега од Македонија. Не е многу тешко да се одговори на прашањето. Погледнете ја листата на обвинети и осудени и погледнете го човекот што седи карши вас во убавото кафуле можеби веќе од тој момент еден подолг период нема да го видите. Свртете на ФБ и ќе дознате дека штотуку исчезнал и дека пратил порака од Будумпешта, Прага, Белгард, Москва, или Буенос Аирес ..... Најдоброто, најхрабро и единствено решение за Македонија е да се донесат уставните измени во Парламентот и да се прифати преспанскиот договорт со Грција. За тоа потребните жртви нека ги направи власта, нека ги поднесе последиците од непопуларните потези за помирување и помилување, ако не знае како тоа да го одработи нека замине од власт.
Прочитајте повеќе »

Груевски е во Македонија

Груевизмот ќе потрае подолго, повеќе од наредните 20 години оти шансите да се врати Груевски на престолот се реално поголеми отколку Македонија да се ослободи од примитивизмот и провинционализмот, од омразата и од национализмот, од заостанатоста и мизеријата. Најплодната почва за непречен натамошен развој на груевизмот. Додека тие се присутни, и Никола ќе си биде дома во нашата Македонија, та бил тука лично та не бил.
Прочитајте повеќе »

Груевски жежок костен во рацете на Орбан

Изборот на Унгарија во која Груевски ќе биде азилант е своевидна европска гротеска. Веќе целиот континент си игра мајтап со добредојдето на Орбан за неговиот идеолошки побратим од Македонија. Заштита на еден осуденик во земја членка на ЕУ против кој се водат уште неколку судски процеси за тешки кривични дела е предмет на потсмевање, но и на сериозни критики во Унгарија и во светот. Груевски стана од првиот ден жежок костен во рацете на Орбан и неговата влада. Ако не се преземе одговорноста за бегството на Груевски и ако не се расчисти целиот тој јавашлак во надлежните институции и со попречувачите на правдата, тврдењата дека власта е соучесник во бегството на Груевски ќе бидат прифатени од јавноста како вистина колку и да изгледаат апсурдни и неверојатни. Лавина од гнев за залудноста на уривање на режимот на Груевски чиј крај требаше да се означи со негово заминување зад решетки ќе и нанесе тежок удар на владата и на премиерот Зоран Заев.
Прочитајте повеќе »

Кој му помогна на Груевски да избега

Бегството на Никола Груевски е случај без преседан во македонската историја кога станува збор за премиер на држава. Големиот патриот на кој татковината му беше над сè, соочен со правдата, Македонија му дојде под сè. Помалку важна од неговиот задник. Кукавички избега оставајќи ги на цедило јатаците и соработниците кои ги извршуваа неговите наредби и за што веќе некои од нив затскривајќи го „храбро“ главниот виновник се соочени со изречени повеќегодишни затворски казни. Тие што му помогнале да избега надвор од земјата, или, сеедно, тие што го криеле во земјата, се сторители на кривични дела за кои се предвидени повеќегодишни затворски казни. Доколку опасноста од градење легендарен јунак и мит не ја согледуваат сегашните власти кои ги имаат сите механизми за управување со земјата, а „возат“ како недообучени возачи со „ L“ таблички на чело, строго според прописите и го кочат сообраќајот, заслужуваат и тие и ние во блиска иднина да се врати Груевски во Скопје на бел коњ и да го земе повторно стапот во раце.
Прочитајте повеќе »