Ориент експрес

Уценета е Македонија

Какви ќе бидат последиците од неуспехот Македонија да го фати последниот воз за Европа? Одговорот е: многу потешки од сите отстапки кои сега предзвикуваат оправдана огорченост во јавноста. Македонија како и повеќето балкански земји доколку не станат членки на ЕУ и не се европеизираат неминовно одат кон исчезнување. Тоа не е ништо ново и во поновата историја на народите и државите. Последниот пример е Југославија која исчезна во крв и разорување како потрошен историски модел во кој водачите националисти кои сонуваа за големи држави не ја видоа иднината. Наследничките на Југославија сите до една спасот го побараа во Европа. Тие што побрзо ги прифатија условите на домаќинот побрзо стасаа до целта. Тие што уште не можат да видат од носот подалеку нè држат заробени оти уште се посилни од тие што ја сакаат слободата и прогресот.
Прочитајте повеќе »

Македонија се празни како тутун-ќесе

Сонот на повеќе генерации новинари да станат репортери одамна е отсонуван. Денеска кога ја прочитав веста која сите ја знаеме од поодамна дека четвртина од Македонија се исселила, за која речиси и да нема новинар кој не пишувал некаква анализа, коментар, информација... се потсетив на тие некогашни репортажи и на велемајсторите на пишаниот збор одамна неправедно заборавени. Умешноста и автнтичноста да се напише текст за работа која сите ја знаат и ја гледаат со своите очи, а приота да ве стане од место, да ве замисли, да ви ги засолзи очите, или да ве натера да преземете нешто, е најважната работа во оваа веќе деградирана професија. Празнењето на Македонија како тутун ќесе има и своја добра страна. Ова веќе не е некогашното гурбетчиство. Не се за плачење тие што заминале, туку тие што останале чесно да работат. Ќе ја дознавме вистината, ама нема репортери
Прочитајте повеќе »

Заев да не ја повтори историската грешка

Само што почна новата ера во историјата на Македонија која води кон членство во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ, но можат лесно да бидат доведени во прашање ако се пензионира премиерот Заев како претседател и се пресели во резиденцијата на Водно наместо да ја заврши најзначајната работа за која беше избран, и така да се уништи шансата што се случува еднаш на сто години, или никогаш
Прочитајте повеќе »

Иванов ќе потпише со зелено мастило

Претседателот Ѓорге Иванов вчера му се јавил на владиката г.г. Стефан и го замолил да му го позајми на кратко пенкалото со зелено мастило да го потпише указот за својата амнестија од одговорноста за крвопролевањето во Собранието на 27 април. А патем да стави параф за слобода и на другите простосмртни помали грешници од него. Со такво мастило се потпишуваат небески закони одобрени од Господ
Прочитајте повеќе »

Трета мајка за НАТО и за ЕУ

Најточната оценка колку изгубила и колку добила Македонија ќе се види за време на преговорите со ЕУ и по членството во НАТО. Очекувањата се секогаш поголеми од добивката, но истовремено треба да се има постојано на ум дека загубите ако Македонија не ги оствари своите цели како европска држава се далеку потешки и многу поизвесно катастрофални. Воопшто не е точна констатацијата која постојано ја повторуваме до здодевност дека Македонија нема други алтернативи отколку да биде членка на НАТО и на ЕУ. Се разбира, секогаш има алтернативи, но во случајот многу полоши. Затоа и никој не нуди подобри решенија. Македонија во случај да пропадне Договорот со Грција не може да се врати ни кај што била до вчера, туку кај што била пред 74 години, пред да биде држава. Внимавајте тоа може да стане за некој многу допадливо решение
Прочитајте повеќе »

Можат ли да одлучат историчарите сами?

Политичарите велат историјата е премногу сериозна работа да им се препушти само на историчарите. А, историчарите сами да одлучат што е вистина за минатото е невозможна работа, особено за спорни прашања меѓу соседни земји кои различно ги толкуваат и изучуваат истите историски настани и личности. Сите на Балканот сакаат пославно минато добро индоктрирани дека некој им го краде и фалсификува и подалечното и побилиското минато. Во еден ваков амбиент бугарските и македонските историчари и академици се соочуваат секој со своите историски факти, но и со предрасудите и злоупотребите на јавноста долг повеќедецениски период со цел да напишат нова историја, или како што велат да ги исправат грешките и заблудите. Добрата, научно издржана историја може да се пишува само кога се разгледуваат двете страни на историските аргументи и факти.
Прочитајте повеќе »

Што ќе руча денеска Груевски

Додека го чекаме следниот извештај од Будимпешта што ќе појадува и руча Груевски со кого ќе биде во друштво и дали вмровските дејци ќе почнат да одат кај него на поколонение како што одеа кај Љубе Бошковски во Швенинген , па потоа го сместија на робија потешка сто пати од онаа за воени злосторници, актуелната влада и мнозинството во парламентот треба да ја разберат суштината на политиката дека власта ќе биде најголемиот виновник ако не успее да го оствари тоа за што им е даден мандатот: уставни измени, членство во НАТО и отпочнување на преговори со ЕУ. Не се работи макијавелизам дека целта ги оправдува средствата за да се дојде, или остане на власт, туку целта ги оправдува средствата да се направи демократска и просперитетна европска Македонија.
Прочитајте повеќе »

Македонија ќе игра руски рулет

Постојат добри изгледи Македонија на 15 јануари да изигра руски рулет во Собранието. Организаторите на овој трагичен атентат подметнуваат револвер со само едно празно место во буренцето. Ако се прифати тој руски колт самоубиството е гарантирано успешно во вториот обид.
Прочитајте повеќе »

Да не им продаваме на Грците византиски игри

Четирите амандмани со остапки во замена на европската иднина се претворија не само во пишување на нов устав и во ревизија на уставот со јавно наддавање за уставни промени што предизвикува оправдана загриженост дека работата може да пропадне и Македонија и Грција да се вратат кај што беа како инцидент на историјата. Ај да не им продаваме на Атина и Брисел византиски игри бидејќи тие ги измислиле.
Прочитајте повеќе »

Иванов на исчезнување

Судскиот процес за настаните на 27 април лани поприма драматични димензии со последните сведоштва. Се откриваат вистинските организатори на обидот за државен удар. Се разоткрива и улогата на претседателот на државата Ѓорге Иванов кој бил подготвен да прогласи вонредна состојба во земјата со цел да го попречи примопредавањето на власта во Собранието. Дали јавниот обвиниетел чека и претседателот да избега, од земјата па да покрене обвинителен акт.
Прочитајте повеќе »