Ориент експрес

Монструмите треба да се згазнат кога се мали

Чудовиштата најлесно се уништуваат кога се во ембрионална фаза. Ако се дозволи да станат големи, тогаш, веќе ништо не им можете. Тој филм го гледавме во живо со години. Актуелната власт нема право да се правда со споредби кој повеќе, а кој помалку крадел и ја ограбувал државната каса и државниот имот, кој бил поголем, а кој помал арамија.
Прочитајте повеќе »

Север не е само страна на светот

...Север е состојба на духот, патување со умот, промена на свеста, постудени глави, помалку емоции, помалку минато, повеќе иднина, помалку кавга и омраза, а повеќе работа и љубов, помалку крадење и корупција, повеќе чесност и правда, повеќе еднаквост, помалку делби, повеќе слобода и демократија, повеќе одговорност, почиста човекова средина, подобро воспитување и образование, помалку примитивизам, провинционализам и популизам, повеќе култура, помалку простотилак, повеќе почитување на вредностите, на луѓето и на живиот свет, поголемо разбирање за различните од себе. Север е ознака за мудрост, толеранција и компромис, повеќе пријателство со комшиите и со сиот свет...
Прочитајте повеќе »

Погрешна временска прогноза

При оживувањето на замрзантите диносауруси по милион години ќе се дознае дека Северна Македонија не значело и промена на климата со поларни температури на територијата од Табановце до Гевгелија. Не било тоа глобално замрзнување, туку затоплување. Она што е најточно во историјата на името на државата е што сите досегашни промени, Федерална, Народна, Социјалистичка, Северна, вкључувајќи го и привременото име во ОН, е несоборливиот факт дека единствената константа која е непроменлива се зборовите Република Македонија.
Прочитајте повеќе »

Силјановска како Јанус со две лица

Од доктрината на професорката Силјановска во трка за натпартиска кандидатура во ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата разбрав како може човек од голем противник на сојузот со НАТО и на Преспанскиот договор, полн со неприфатливи отстапки кои го обезличуваат македонскиот народ под човечко достоинство да се прифати капитулантски договор со катастрофално штетни последици по националните интереси кои допрва ќе излезат на виделина, сите до една научни откритија на професорката, да упати честитки за големиот историски успех Македонија да стане членка на НАТО со добра изгледност набргу да ги почне и преговорите. Не се чудете. Во тоа нема ништо изненадувачко. Не го честиташе успехот професорката Силјановска, туку Јанус, второто нејзино лице
Прочитајте повеќе »

Никој нема да го смени договорот од Преспа

Ниту Христијан Мицкоски во Македонија, ниту било кој друг и кај нас и во Грција, ама баш никој нема да го чепне Преспанскиот Договор. Тој уште неколку години додека Македонија не стане членка на ЕУ ќе служи за квазипатриотски предизборни говори и лаги. Шансите на опозицијата за враќање на власт и за победа на претседателските избори се во подговеноста да се осуди бандата од партискиот врв која ја попречува правдата и бега од земјата. Шансата е и во тоа да се понудат подобри решенија за забрзување на реформските процеси и да се скрати времето за влез во ЕУ, а не во попречување на првадата, во лагите за поништување на историскиот договор и укинување на веќе стекнатите демократски права
Прочитајте повеќе »

Господ, па Вангеловски

Бидејќи Господ има своја правда, божја правда, поразлична од овоземната и не одлучува по световните, туку по небесните канони, тогаш, станува јасно дека претседателот на Врховниот суд има и свој простосмртен Господ, кој му издал свои заповеди, многу поразлични од божјите. Ги знаете божјите: не убивај, не кради, не лажи, не суди и не сведочи лажно ... и така со ред. По десетте божји заповеди се открива кој Господ управува со Врховниот суд да суди и одлучува за нешта кои не му се дадени за работа ни од Бога, ни од Уставот, ни од Собранието, ни од народот. Без владеење на правото Македонија ќе сатса до распад, а не до Европа
Прочитајте повеќе »

Врховниот суд го оживува груевизмот

Срамниот и застрашувачки потег да се укине Специјалното обвинителство е освета на мафијата. Недостасува уште објавата потпишана лично од претседателот на Врховен суд Јово Вангеловски веднаш Никола Груевски да се врати во земјата со длабоко извинување за неправдите што му се нанесени
Прочитајте повеќе »

Лекцијата на Ципрас за патриотизам

Премиерот Алексис Ципрас неочекувано за еден балкански политичар одржа лекција во грчкиот парламент за тоа што е вистински патриотизам. На сите народи на Балканот и на цела Европа им кажа дека поголем патриотизам е да ги соопштиш доволно јасно и гласно црните петна од своето минато, отколку омразата на комшијата напластувана со децении баш од тие пропаганди да биде адут за освојување на власта. Кутра Македонија повторно по неа маршираат мрачни сили маскирани во патриоти да нè вратат назад во недојдија, наместо политичкиот натпревар да да се насочи кој побрзо ќе нè однесе до заедничката цел која е одредена пред 28 години. По сè изгледа дека заедничката цел била заедничка додека не стана остварлива
Прочитајте повеќе »

А, сега ајде на работа

Ако се потроши бадијала огромниот историски капитал постигнат со Преспанскиот договор, најголемиот успех во независна Македонија, лесно може да стане и најголем пораз и разочарување. Две години до редовни парламентарни избори е добар период да се постигнат успеси ако се работи со силно темпо и не се краде, а премал ако се водат јалови расправи и се бараат оправдувања за незавршени работи и неостварени ветувања
Прочитајте повеќе »

Давос е убаво место за бистра глава

Во политиката има едно непишано правило стави го твоето знаменце на она што си го одработил, не го оствај за после избори оти може лесно противникот да го означи како негов успех. Членството во НАТО и отпочнување на преговорите е најголемо достигнување од прогласувањето на независноста на Македонија. Сулудо е тоа да се пролонгира поради избори на половина мандат со ризик не само да се изгубат изборите, туку и ако се добијат, бидејќи повторно и во тој случај ќе се изгуби многу време за да се оствари истата цел
Прочитајте повеќе »