Поттик

Затворено писмо до проф. Димче Коцо по трет пат: Кога живите молчат покојните се погласни

Драг Агроне и двајцата како и многу други знаеме дека не е можно да се одреди точниот датум кога почнало да се урива и обезличува клутурното наследство не само на Охрид, туку на цела Македонија, но сигурно е тоа многу порано отколку што сега се открива во изградбата на една незаконски поставена пицерија која јас и ти и газдата ќе ја урнеме со голи раце за два часа ако тоа го спасува Охрид и Езерото да останат под заштита на УНЕСКО. Не знам дали е ова тој текст кој го паметиш и бараш да се објави и да биде сведоштво за УНЕСКО, но избрав еден текст што ќе го преобјавам по трет пат оти за Охрид и тоа непроценливо културно и духовно наследство и за Езерото тој божји дар на природата имам напишано еден том текстови, но мислам дека во оваа пригода најмногу кажува баш овој текст,иако првпат е објавен пред 15 години. Твоето писмо е отворено, а моето беше озаглавено како затворено. Еве и зошто
Прочитајте повеќе »